Кафе муабет

Мажите родени во овие три хороскопски знаци никогаш не изневеруваат!

Во љубовта и во бизнисот вложуваат сè во сè што сакаат, но колку долго ќе го сакаат – тоа зависи од вас...

Најверните мажи се родени во овие 3 хороскопски знаци:

фото илустрација

Овен

Кога бара партнер, Овенот бара личност со која ќе се поврзе на духовно ниво. Тие се исклучително лојални и го очекуваат истото за возврат. Овните многумина често пати ги споредуваат со вистински џентлмени бидејќи ги чуваат своите партнерки како вода на дланка.

фото илустрација

Тој не сака во љубовта да е досадна, сака авантуристи и различни изненадувања.

Овенот е отворен тип на маж и сака дружење и разговор и лесно може да му пријдете.Бидете нежни. Не му е потребен придружник сличен на него. Покажете во сето ова и малку женственост!

фото илустрација

Во љубовта и во бизнисот вложуваат сè во сè што сакаат, но колку долго ќе го сакаат – тоа зависи од вас. Започнете да го освојувате со насмевка и со вашата интелигенција. Ако не ве води здрав разум и комуникативна природа, подобро повлечете се.

фото илустрација

Тие сакаат жени полни со самодоверба.Тој сака да биде воден од инстинктот, а не според некои посебни правила и насоки. Колку и да изгледа отворено никогаш не сте сигурни што мисли, покрај својата имплусивност знае да биде многу внимателен, со оглед на тоа дека поседува јак одбрамбен механизам, повеќе на психолошки отколку на емотивен план.Најдобро се согласува со : Близнаци, Вага, Водолија, Лав и Стрелци.

фото илустрација

Јарец

И додека голем е бројот на мажи кои не можат да одолеат на искушението, овие 3 знаци влегуваат во врска со личност која ја сметаат за своја сродна душа, па не им треба забава на страна. Тие никогаш не размислуваат за измама. Многу ретко се случува Јарецот да го изневерува својот партнер; повеќе би сакал да ја прекине врската отколку да живее во тајност.

фото илустрација

Ако сте со маж Јарец, запаметете дека нему најмногу му значи сигурноста.

Порази и неуспеси не поднесува, па затоа и во освојување тргнува дури кога се добро ќе проучи и разгледа и кога ќе биде сигурен дека таа нема да го одбие. Или попрецизно – дури кога таа него ќе го освои. Тој пленува воглавно со своите позитивни црти, со сериозност, стабилност, постојаност, вредност, пожртвуваност.

фото илустрација

Тајната на неговиот успех лежи во овие особини. Но треба да се внимава, ако дамата сака романтика, нежност, забава и останати ситни животни радости, пренагласеноста на овие негови особини можат да и засметаат, дури и да ја разочараат. Затоа треба да се внимава малку на ова.

Јарецот вреди да се почека. Иако на прв поглед овој знак не ветува сензуалност ниту топлина која е потребна на секој кој претендира за титулата на добар љубовник, Јарецот има свој скриени но јаки адути.

фото илустрација

Бик

Биковите се многу сериозни кога се во прашање врските. Тие никогаш не влегуваат лесно во нив, а штом ќе ја запознаат својата идеална партнерка, ќе направат се за да ја задржат. За нив изневерувањето е најлошото нешто што може да и се направи на саканата личност, па не ни помислуваат на тоа. Заштитнички се настроени, па партнерот ќе го бранат од страна.

фото илустрација

За Биковите отсекогаш се знаело дека се стабилни личности кои секогаш сакаат да бидат во допир со реалноста. Денес ви прикажуваме неколку подетални особини на мажите Бикови, во кои сигурно ќе ги препознаете вашите блиски.

фото илустрација

Овие личности се премногу паметни за да си дозволат да се заљубат на прв поглед, како резултат на два-три романтични геста од некој од спротивниот пол. Тие немаат поетска душа, но во себе носат голем романтичен потенцијал, кој треба да знаете како да му го разбудите.

Машките претставници на овој хороскопски знак не се лишени од физичката убавина. Дури и да не е толку згоден, ќе има една груба убавина и неправилни црти кои одлично ќе се вклопуваат на неговото лице. Најчесто овие мажи имаат цврсти коски и се убаво градени.

фото илустрација

Исто така, својствено за машките бикови е да располагаат со внатрешен мир и стабилност. Тие се лојални и заштитнички настроени кон оние кои им значат во животот.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close