Кафе муабет
Мажите откриваат: Eве со кои жени би ги изневериле своите сопруги!
„Другата жена често се прикажува како мистериозна заводничка, но вистината е дека ако мажот има афера, веројатно тоа ќе биде со некој што веќе го познава“..
Една платформа за возрасни спроведе истражување над 1.300 мажи за да открие што е тоа на кое паѓаат кога се решаваат за изневерување на партнерот.
Ова истражување покажало дека процесот на избор на љубовница е многу „попромислен“ од само една средба со згодна непозната жена во кафеана. Имено, 27 отсто од испитаниците откриле дека прво би ја изневериле сопругата со колешка од работа или со пријателка.
„Другата жена често се прикажува како мистериозна заводничка, но вистината е дека ако мажот има афера, веројатно тоа ќе биде со некој што веќе го познава“, открија истражувачите за Дејли Меил.
Дури 23 отсто од мажите рекле дека сепак би биле многу среќни да ја изневерат партнерката со девојка која не ја познаваат воопшто, на пример за време на патување.
Оние кои веќе го изневериле партнерот откриле дека тоа го направиле за да се обидат да го спасат својот брак, а не да го уништат.
По истражувањето, компанијата ја истакна и важноста на апликациите за поврзување.
„Наместо да се поврземе со некој од нашиот социјален круг или, уште полошо, од деловниот круг, можеме да најдеме истомисленици на апликациите за запознавање кои можеби се и во брак и со кои е помала веројатноста да бидеме откриени“.
Истражувањето покажало и дека дури 99 отсто од мажите во еден момент размислувале за прељуба или ја извршиле. Сексот се покажа како главен мотиватор, поточно потрагата по подобро сексуално задоволство.
А што се однесува до жените, 39 отсто од нив признале дека имале афера, а 35 отсто признале дека размислувале за тоа. 54 отсто од оние кои ги изневерувале своите партнери откриле дека тоа се случило откако тие добиле деца.
Повеќето жени и мажи откриле дека извршиле прељуба поради потреба од физичко задоволство. Само 5 проценти од жените барале емоционална замена.
Мажите родени во овие три хороскопски знаци никогаш не изневеруваат!
Сепак астролозите велат дека најверните мажи се родени во овие 3 хороскопски знаци:
Овен
Кога бара партнер, Овенот бара личност со која ќе се поврзе на духовно ниво. Тие се исклучително лојални и го очекуваат истото за возврат. Овните многумина често пати ги споредуваат со вистински џентлмени бидејќи ги чуваат своите партнерки како вода на дланка.
Тој не сака во љубовта да е досадна, сака авантуристи и различни изненадувања.
Овенот е отворен тип на маж и сака дружење и разговор и лесно може да му пријдете.Бидете нежни. Не му е потребен придружник сличен на него. Покажете во сето ова и малку женственост!
Тие сакаат жени полни со самодоверба.Тој сака да биде воден од инстинктот, а не според некои посебни правила и насоки. Колку и да изгледа отворено никогаш не сте сигурни што мисли, покрај својата имплусивност знае да биде многу внимателен, со оглед на тоа дека поседува јак одбрамбен механизам, повеќе на психолошки отколку на емотивен план.Најдобро се согласува со : Близнаци, Вага, Водолија, Лав и Стрелци.
Јарец
И додека голем е бројот на мажи кои не можат да одолеат на искушението, овие 3 знаци влегуваат во врска со личност која ја сметаат за своја сродна душа, па не им треба забава на страна. Тие никогаш не размислуваат за измама. Многу ретко се случува Јарецот да го изневерува својот партнер; повеќе би сакал да ја прекине врската отколку да живее во тајност.
Ако сте со маж Јарец, запаметете дека нему најмногу му значи сигурноста.
Бик
Биковите се многу сериозни кога се во прашање врските. Тие никогаш не влегуваат лесно во нив, а штом ќе ја запознаат својата идеална партнерка, ќе направат се за да ја задржат. За нив изневерувањето е најлошото нешто што може да и се направи на саканата личност, па не ни помислуваат на тоа. Заштитнички се настроени, па партнерот ќе го бранат од страна.
За Биковите отсекогаш се знаело дека се стабилни личности кои секогаш сакаат да бидат во допир со реалноста. Денес ви прикажуваме неколку подетални особини на мажите Бикови, во кои сигурно ќе ги препознаете вашите блиски.
Овие личности се премногу паметни за да си дозволат да се заљубат на прв поглед, како резултат на два-три романтични геста од некој од спротивниот пол. Тие немаат поетска душа, но во себе носат голем романтичен потенцијал, кој треба да знаете како да му го разбудите.
Машките претставници на овој хороскопски знак не се лишени од физичката убавина. Дури и да не е толку згоден, ќе има една груба убавина и неправилни црти кои одлично ќе се вклопуваат на неговото лице. Најчесто овие мажи имаат цврсти коски и се убаво градени.
Исто така, својствено за машките бикови е да располагаат со внатрешен мир и стабилност. Тие се лојални и заштитнички настроени кон оние кои им значат во животот.