Дом и семејство

Луна Џогани очајна по загубата на бебето: Побара совет од психолог- еве што ја советувале стручните лица

Треба да помине време...

Луна Џогани пред неколку дена во јавноста објави дека го загубила второто дете.

фото принтскрин

Поранешната реалити ѕвезда тешко ја поднесе загубата на своето бебе. Со неа е сопругот Марко Миљковиќ, семејството и пријателите.

фото принтскрин

Со оглед на тоа дека никогаш досега не била во ваква ситуација, советите на психологот многу и помогнале.

фото принтскрин

Нејзина блиска пријателка и препорачала да посети психолог, па Луна која е во очајна состојба, го послушала секој совет. Среќната вест ја споделија со следбениците веднаш штом дознаа дека ќе станат родители по втор пат, но тажната вест ја соопштија дури кога Џогани беше подготвена за тоа.

фото инстаграм/Луна Џогани

– Спонтаниот абортус е болна состојба за секоја жена, без разлика дали веќе има дете или не. Ова за жал често се случува, а Луна почувствува голема тага. За да се вратат емоциите во нормала, обично е потребно повеќе време отколку што е потребно за физичко заздравување на раната, затоа и семејството на Луна е со неа, но и таа не го одбила советувањето од психолог – изјави за српски Курир нејзин близок пријател.

фото инстаграм/Луна Џогани

Луна се консултираше со експерт и јавно проговори за тешкиот период.

фоот принтскрин

– Оваа бременост ја загубивме по 12 недели. Дознавме неколку дена претходно, не сакавме веднаш да разговараме, нека помине малку. Така требаше да биде, помина некој вирус низ мене, така рече докторот, фетусот беше многу мал, жените што го поминале тоа знаат. Што и да се случи со мајката влијае на плодот, не бев добро, не знаев дека сум бремена кога отидов во Америка. Срцето престана да чука, фала богу, добро е што беше рано, пред да се формира – истакна таа.

фото инстаграм/Луна Џогани

Луна и нејзиниот сопруг Марко Миљковиќ ја објавија тажната вест на нивниот канал на Јутјуб.

фото инстаграм/Луна Џогани

„Сé и сешто направивме во 2021 година, но 2022 дојде да ни противречи, да ни каже дека ништо не е идеално“, изјави Миљковиќ.

фото принтскрин

 

– Можеби требаше да молчиме. Кога Господ повторно ќе не погледне, ќе објавиме следниот пат, но само кога ќе бидеме сигурни дека се е во ред – рече Марко.

фото инстаграм/Луна Џогани

Инаку, само неколку дена претходно медиумите пишуваа дека Луна веќе се подготвува за приновата. По првата бременост со ќерката Миа, Луна овој пат сакаше да се погрижи буквално за сé, но за жал се случи она што најмалку го очекуваше, како таа така и нејзиниот сопруг.

Фото Инстаграм/Луна Џогани

Како и секогаш Марко и во овој момент е најголема поддршка на Луна.

фото инстаграм/Луна Џогани

– Јас и Луна сме добро, ќе го поминеме ова! – кратко изјави Миљковиќ.

фото инстаграм/Луна Џогани

Пред само петнаесетина дена Џогани во една ТВ емисија истакна дека бременоста не била планирана.

фото инстаграм/Луна Џогани

– Го оставивме Бог да одлучи. Реков дека ќе биде како што треба да биде – рече тогаш Луна, па додаде дека бебето најверојатно ќе се роди кога нејзината наследничка Миа:

фото инстаграм/Луна Џогани

– Ќе се роди во истиот месец како и Миа.

фото инстаграм/Луна Џогани

Луна и Марко немале информации за полот на бебето.

фото инстаграм/Луна Џогани

– Не знам што е. Имам чувство дека е машко. Нека е живо и здраво, но јас би сакала да имам син – рече тогаш Луна Џогани.

Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото Инстаграм/Луна Џогани
Фото Инстаграм/Луна Џогани
foto printscreen/ telegraf.rs
фото инстаграм/Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close