Кафе муабет
Луна Џогани за загубата на бебето: Оваа година ме измори- прозборе за депресијата, еве како успеала да се избори со тешкиот период
Реши да продолжи понатаму...
Да потсетиме, Луна Ѓогани и Марко Миљковиќ ја започнаа својата романса пред камерите на реалното шоу „Задруга“, а денес важат за еден од нахармоничните парови на јавната сцена.
Иако многумина не им предвидуваа успешна љубовна врска, сепак тие покажаа дека нивната љубов е посилна од се и заедно ги пребродуваат тешките моменти.
Двојката се венча во мај минатата година, а еден месец подоцна ја добија ќерката Миа.
Луна Џогани во ноември го загуби второто бебе во 12-та недела од бременоста, а сега проговори за тој голем удар и тежок период.
– Научивме дека се во животот се случува со причина, така требаше да биде, не треба да паднеш во депресија, туку да погледнеш наоколу и да видиш што е добро што веќе го имаш , и фала богу имам многу добри луѓе околу мене и тоа ме натера да си речам: „Добро, да продолжиме понатаму, ќе се случи, ќе се случи пак“. Тие тешки моменти се тука само за да те направат посилен за некои убави нешта – рече таа во емисијата „Премиер викенд специјал“.
Џогани откри дека таа и нејзиниот партнер Марко Миљковиќ се измориле од годината што завршува и рече дека немаат планови за дочек на 2023 година.
– Минатата година излеговме да ја дочекаме Новата година, Миа беше мало бебе. А годинава нема, ќе бидеме малку посмирени затоа што оваа година ни беше многу бурна. Оваа година ни беше баш напорна… На први јануари се заразивме со корона, хаос, се се случи, лоши работи, едно по друго. Затоа оваа година решивме да славиме смирено, со пријателите, некоја вечера, дома, со ќерката, можеби и порано ќе си легнеме, тоа ни одговара. Малку се изморивме од 2022 година – изјави Луна.
Овој немил настан го погоди целото семејство, а за тоа неодамна зборуваше и мајката на Луна, познатата пејачка Анабела Атијас која за прв пат проговори за тешкиот период низ кој поминаа таа и нејзиното семејство.
– Луна се опорави по она што и се случи. Нормално е дека ја потресе сето ова. Луна со сите сили ја издржа загубата на бебето – истакна Анабела.
Таа откри дека Луна и Марко планираат да го прошират семејството, но дека не знае што има во нејзината глава и какви планови има.
– Сигурно има планови да го прошири семејството. Не знам што има сега во нејзината глава, но ниту ова не го планираше. Таа не е тип што планира. По настапите, едвај чекам да се вратам дома. Денеска ќе одвојам малку време за себе, а потоа ќе ја видам внуката. Малата Миа е прекрасно дете, не ја разгаливме – изјавила Анабела за „Блиц“.
Да потсетиме, Луна и нејзиниот сопруг Марко Миљковиќ на својот канал на Јутјуб ја објавија тажната вест и ги открија деталите.
– Направивме се во 2021 година, а 2022 дојде да ни пркоси, да ни каже дека ништо не е идеално – изјави Миљковиќ.
– Оваа бременост ја загубивме по 12 недели. Дознавме неколку дена претходно, не сакавме веднаш да откриваме, нека помине малку време. Така требаше, ми помина некој вирус, така рече докторот, фетусот беше многу мал, жените што го поминале тоа знаат. Што и да се случи со мајката влијае на плодот, не бев добро, не знаев дека сум бремена кога отидов во Америка. Срцето престана да чука, фала богу, добро е што беше рано, пред да се формира – истакна Луна.
– Можеби требаше да молчиме. Кога Господ повторно ќе не погледне, следниот пат ќе објавиме, но само кога ќе бидеме сигурни дека се е во ред – рече Марко.