Кафе муабет

ЛУНА ЏОГАНИ ГО ОТКРИ РЕЦЕПТОТ ЗА СРЕЌЕН БРАК: Еве како таа и Марко уживаат заедно-има одлична формула за успех

Имаат време за себе...

Луна Џогани и нејзиниот сопруг Марко Миљковиќ уживаат во семејната идила во својот дом, а од нивната љубов се роди ќерката Миа која неодамна го прослави својот прв роденден и иако е сеуште мала, двајцата успеваат да најдат време за себе.

фото инстаграм/Луна Џогани

Имено, брачниот пар се појави на роденденскиот концерт на Зорица Брунцлик.

фото инстаграм/Луна Џогани

– За Миа се грижи баба и, таму е, ужива. Денеска е мал ден за родителите, родителите малку да се опуштат – објасни Луна која набрзо по влегувањето во брачните води сфати кој е рецептот за успех во бракот.

фото инстаграм/Луна Џогани

– Еднаш неделно си даваме пауза, дали е тоа кино, излегување… Тоа е многу важно. Ако ме прашате за рецептот за успешен брак, многу е важно мажот и жената, мама и тато да имаат време еден за друг. Кој вели дека не е така, лаже – откри Луна.

фото инстаграм/Луна Џогани

Почнуваат нов бизнис…

Она што е интересно за оваа двојка Луна Џогани и Марко Миљковиќ е тоа што открија дека купиле плац на село и дека таму планираат да изградат викендица каде што ќе одат кога ќе посакаат да побегнат од градската врева.

фото инстаграм/Луна Џогани

Но, во меѓувреме добро размислиле и сфатиле дека покрај викендицата, овој плац е на одлично место и се околу можат да искористат за дополнителни приходи, па со меѓусебен договор направиле план овој имот да го искористат најдобро што можат и ќе изградат мало етно село, кое ќе го изнајмуваат на ден-два за разни веселби.

Фото Инстаграм/Луна Џогани

– Покрај тоа што ја градат оваа куќа првенствено за нивниот одмор и за да побегнат од градската гужва и секојдневните обврски, барем на кратко, решија оваа куќа и околната земја да ја претворат во вистинско мало етно село. Покрај засадувањето овошје и зеленчук, како и разни растенија, на овој простор планираат да изградат и скара, како и базен. Зборувајќи, сфатија дека овој имот им го овозможува тоа, па кога сè ќе заврши, ова ќе биде вистински мал рај. Имотот се наоѓа недалеку од Белград, во банатско место, па локацијата е одлична за сите оние кои сакаат да го напуштат Белград на ден-два – вели извор на српски „Курир“.

фото инстаграм/Луна Џогани

Да потсетиме, Луна Џогани и Марко Миљковиќ се во брак една година, а нивната љубов, како што тврди и самата Луна, се засилила со раѓањето на нивната ќерка Миа.

фото инстаграм/Луна Џогани

Миљковиќ и Џогани се запознале за време на реалното шоу „Задруга“, во кое беше и мајката на Луна, пејачката Анабела Атијас, која имала бројни несогласувања и жестоки кавги со партнерот на нејзината ќерка.

фото инстаграм/Луна Џогани

– Многу е важно да се реши, да се дојде до решение. Мислам дека не можеме да се согласуваме во се, тоа не е нормално или природно.

фото инстаграм/Луна Џогани
фото инстаграм/Луна Џогани

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close