Кафе муабет
Луна и Марко го објавија првото видео без цензура – еве како изгледа нивната наследничка!
Започна реалното шоу на познатиот пар
Новопечените родители решиле да го снимаат семејството за нивниот канал на „Јутјуб“, кој има 104.000 претплатници….
На 15 јуни Луна Џогани и Марко Милјковиќ го добија своето прво дете ќеркичката Миа. Парот сега реши да прави реално шоу со нивната новородена ќерка Миа.
Новопечените родители решиле да го снимаат семејството за нивниот канал на „Јутјуб“, кој има 104.000 претплатници…
– Луна и Марко од каналот Јутјуб, каде обожавателите го следат нивниот приватен живот, заработуваат околу 70.000 евра годишно. Тие уште пред два месеци се договорија да ја снимат својата ќерка и веруваат дека тоа ќе биде вистински хит и дополнително ќе го зголемат нивниот рејтинг. Фановите на тој начин ќе можат да видат како Луна се снаоѓа како мајка, но и дали Марко е вешт во менување на пелени – вели извор близок на парот.
Луна и Марко сега го објавија своето прво видео во улога на родители.
Миjковиќ снимал цел ден кога Луна излегла од родилиштето, а во некои моменти може да се види и наследничката без цензура.
Миа Миjковиќ е симпатично бебе, кое веќе има долга косичка. Како што веќе рекоа нејзините родители таа повеќе личи на тато.
Таа е многу мирна и не плаче премногу, барем колку што можеме да видиме од снимката.
Марко и Луна често објавуваат нејзини фотографии на Инстаграм, но ја цензурираат. Овој пат не беше така.
Двојката, која стапи во брак неколку дена пред породувањето на Луна, верува дека нивното ново реално шоу ќе стане хит.
– Одлучија да снимаат сè! Ќе има емотивни моменти, но и смешни, бидејќи тие само што станаа родители и сигурно ќе им треба малку време да се навикнат. Во некои кадри ќе се најдат и дедо Гаги, баба Анабела, тетка Нина и други членови на големото семејство Џогани, но и Милјковиќ – вели изворот и додава дека мотивот на новопечените родители не е само пари:
– Покрај тоа што ќе заработи пари, семејството на овој начин ќе сними скапоцени моменти со Миа и ќе има вредни спомени.
– Ќе ја снимиме Миа за YouTube. Ние сме јавни личности и нема зошто да го криеме тоа. Некогаш некој ќе ја слика или ќе ја сними, па зошто да не го направиметоа?! Скоро сите големи sвезди снимаат видеа со своите деца и објавуваат фотографии со нив. За Марко и за мене е во ред – вели Луна.