Кафе муабет
Лоши вести од домот на Гоца Божиновска: Пејачката доживеа несреќа- “Гипс за новогодишните празници како подарок”
Ја повреди раката...
Во секој дом владее новогодишната еуфорија а сега лоши вести пристигнаа од домот на фолк пејачката Гоца Божиновска.
Имено токму на време за празниците нејзината ќерка Јелена објави дека пејачката доживеа несреќа но сепак за среќа не се работи за посериозна повреда.
Ќерката на пејачката на социјалните мрежи соопшти за повредата на Гоца Божиновска и ги загрижи нејзините многубројни обожаватели.
Јелена која е најстарата ќерка на Гоца од првиот брак со композиторот Раде Вучковиќ, Јелена, на својот профил на „Инстаграм“ сподели слика од пејачката од семејната куќа во Сурчин, на која се гледа дека нејзината рака е во гипс.
– Гипс за новогодишен подарок годинава мајко – напиша Јелена а фотографијата ја збогати со емотикони.
Дека повредата на Гоца Божиновска не е од посериозна природа, говори и препознатливата насмевка на нејзиното лице, која не ја симнала ниту додека трпела страшни болки.
Фановите се надеваат на брзо опоравување со оглед на тоа што нареднава година пејачката ќе стане баба по втор пат.
Имено снаата Бојана Родиќ го чека своето второ дете а баба Гоца во ниту еден момент не крие дека е пресреќна со новата улога која ја има.
Синот на Гоца Божиновска е пресреќен што со својата избраничка ќе добие второ дете а исто така и неговата мајка Гоца.
Бојана Родиќ и Мирко Шијан на 9 август минатата година го добија своето прво дете, синот Зоран Шијан, за што ги известија сите преку Инстаграм.
Синот на Гоца Божиновска и неговата избраничка живеат заедно во вила во Сурчин.
Иако и за врската меѓу Гоца Божиновска и снаата на големо се шушкаше дека не се во добри односи сепак тие докажаа дека сите наслови се невистинити а нивната врска е подобра од било кога.
Божиновска во една прилика откри каков однос има со Бојана, а пред тоа раскажа како ужива со нејзиниот внук Зоран:
– Сите сме добри и здрави, внук ми е како кукла. Само нешто галами. Тоа дека се караме се е глупости, не знам кој може да се скара со мојата Бојана. Ја гледам како моја ќерка, јас така гледам на неа. Воопшто не ја одвојувам од Јелена и Зорана, навистина е така. Нема сомнеж, функционираме како да сум ја родила. Никогаш не се караме, немаме несогласувања, затоа што сме на два одделни ката, кога ќе ме викнат јас се качувам, кога ќе ги викнам доаѓаат. Кога ме канат на ручек, одам кај нив, кога готвам јас ги викам – вели пејачката и открива каква готвачка е нејзината снаа:
– Бојана е одлична домаќинка и готвачка. Таа готви многу добро, особено ова модерно јадење. Прави разновидни салати и тестенини, најмногу ми се допаѓаат. Секако дека знае да приготви грав, што за неа е лесна работа. Иако јас сум задолжена за овие традиционални јадења – рече Божиновска, а за наводната кавга со Бојана, вели:
– Без разлика на се! Таа знае дека се шегувам. Нема несогласувања меѓу нас, навистина ! – рече Гоца на крајот.