Кафе муабет
Лидија Вукичевиќ и на 60 години зрачи со сekсипил: Облече црн тесен фустан и покажа што поседува- ги запали социјалните мрежи во ова издание!
Зрачи со убавина...
Иако летово наполни 60 години, Лидија Вукичевиќ важи за една од најубавите и најдобро стилизираните жени во регионот.
Каде и да се појави Лидија Вукиќевиќ остава силен впечаток пред се поради својата препознатлива фризура а потоа и поради виткото тело на кое многумина и подзавидуваат.
Актерката која извесен период се пробала и во музичките води сфатила дека јавната сцена бара одреден, малку посмел и попровокативен начин на облекување и по тоа правило се води и до ден-денес.
И покрај тоа што летово наполни 60 години, мајката на двата сина Давид и Андреј не отстапува од тесни парчиња, припиени за телото и длабоки деколтеа.
Стајлингот на Лидија Вукиќевиќ иако често се дискретни парчиња, вниманието на медиумите и јавноста, сепак, повеќе го привлекуваат оние кога таа ќе се осмели да открие повеќе отколку што е соодветно за нејзината возраст, што се случи и овој пат.
Имено, актерката на „Инстаграм“ објави фотографија во црн, тесен, фустан со должина до нозете, со смело деколте од тантела, под кој се гледаше нејзиниот градник.
Ова нејзино издание предизвика реакција кај нејзините фанови кои имаа различни мислења.
Додека едни коментираа дека фустанот одлично и стои, други тврдеа дека и покрај тоа што е актерка и дека сме ја гледале во сите изданија, сепак е несоодветно за нејзината возраст да и се гледа долната облека.
Инаку Летово Лидија замина во Италија а познато е и дека тајниот љубовник на актерката живее и работи во Италија. Во една прилика актерката откри дека тој е сликар.
Иако неговиот идентитет се уште е непознат за јавноста, две децении помладиот дечко на Лидија Вукиќевиќ после долго време и донесе радост во животот, а како што признава актерката ужива во секој заеднички момент.
– Мојот помлад партнер ми донесе нова радост. Ми требаше некој сличен, не верувам дека спротивностите се привлекуваат. Не ми треба смирување, туку партнерот да ме следи на мојата бранова должина. Кој ќе се обидеше да ме спушти на земја, на крајот беше спуштен, многу пониско од мене – изјави атрактивната актерка за Стори, која еднаш откри дека се работи за италијанси сликар со кој ужива во љубовта на далечина:
– Се гледаме повремено. Ја сакам љубовта на далечина, никогаш не може да ми здосади, секогаш добро се забавувате и секогаш кога ќе се видиме како да е прв пат. Кога сте постојано заедно, многу работи се откриваат, нешто што можеби не го сакате излегува на површина. Навиката ја убива љубовта. Кога мојот партнер ќе ми стане како брат, време е да си заминам. Бидејќи и двајцата сме уметници, многу добро се разбираме. Не размислувам за преселба во Италија, јас сум типична жена за оваа клима. Со години живеев во Холандија и Турција и сфатив дека најмногу ја сакам Србија, дека е најубаво овде. Можам да патувам, но се враќам затоа што овде се чувствувам најдобро – изјави тогаш за „Глорија“.
.