Кафе муабет

ЛЕСНО Е ДА ГО ДРЖИШ КОРМИЛОТО КОГА МОРЕТО Е МИРНО, ПОМИНАВ НИЗ МНОГУ БУРИ – ЕМОТИВНО ОБРАЌАЊЕ НА ЛИЛА, ОВА Е ПРИЧИНАТА

Бекстејџ и ја додели наградата ТРАЈНИ ВРЕДНОСТИ на Лила Филиповска

Минатата недела естрадниот магазин Бекстејџ прослави 15 години роденден. По тој повод организираше голема забава на која присуствуваа многу јавни личности и ѕвезди од македонската естрадна сцена.

Бекстејџ по повод 15-тиот роденден додели и’ награди за македонските јавни личности во неколку категории.

Телевизиската водителка Лила Филиповска доби награда за трајни вредности – за Водител на годината.

Фото: Фејсбук/Лила Филиповска

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Фото: Фејсбук/Лила Филиповска

Таа на своите социјални мрежи се заблагодари на Бекстејџ за сите години поддршка и за оваа значајна награда.

,,Лесно е да го држиш кормилото кога е морето мирно…поминав низ многу бури сите овие години, ги преживеав и сега сум посилна. Моето мирно море само нека потрае како и моите трајни вредности ‘’ – напиша Лила на својот Инстаграм профил.

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Инаку, од недамна нејзиниот пријател Зоран Василевски попознат како Зоки Фаци објави детали за здравствена состојба на водителката.

Откако фановите на водителката почнаа јавно да коментираат за нејзиниот изглед, Зоки Фаци се обрати и им порача:

,,Зошто Лила мора да Ви каже зоштоо носи перика? Зошто мора да Ви каже низ што се помина оваа година, низ пеколот?

фото Инстаграм/Зоки Фаци

Зошто мора да Ви каже какви здравствени проблеми има? Себични, без чувства, примитивни луѓе, и не го кажувам тоа од злоба, туку од бес – порача Василевски.

фото Инстаграм/Зоки Фаци

Водителката од неодамна го прослави и нејзиниот роденден.

,,Зад себе оставам една претешка година, која ме научи да го славам секој ден како роденден’’, напиша Лила на Фејсбук.

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

,,Вечерва облеков фустан во бела боја…Вечерва го славам животот, љубовта и мојот роденден. Оставам зад себе една тешка,претешка година, која ме научи да го славам секој ден како да е роденден, да го почитувам секој момент и да избирам пријатели, кои за мене би го направиле она што и јас за нив. Овој ден е мој ден…Овој ден е мојот роденден – напиша Лила на Инстаграм каде им се обрати на своите фанови.

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close