Кафе муабет
Крај на љубовта на струмичкиот Градоначалник – КОСТАДИНОВ ПРОГОВОРИ ЗА РАСКИНУВАЊЕТО НА СВРШУВАЧКАТА
По две години ја раскинаа свршувачката...
Својата политичка кариера ја започнал како претседател на младинската организација на СДСМ во Струмица, а потоа бил член и на општинскиот Совет.
Фото/Принтскрин
Костадин Костадинов беше заменик градоначалник во времето кога Зоран Заев беше Градоначалник на Струмица, а од декември 2016 до изборите во 2017 беше Градоначалник на Струмица.
Фото/Принтскрин
Од ноември 2017 стана пратеник, а од октомври лани повторно е Градоначалник на Струмица.
,,Ја има истата енергија како мене” во една прилика изјави Зоран Заев за неговиот помлад сограѓанин.
Фото/Принтскрин
И покрај долгата врска, исполнета со многу фотографии, љубовни изјави, запросување во Бугарија со дијамантски прстен, се објавија приказни дека свршувачката помеѓу Костадинов и неговата избраничка, битолчанката Марија е раскината.
Фото:Инстаграм/Костадин Костадинов
После гласините за наводното раскинување на свршувачката, во изјава за Репортер, Костадинов кажал:
Фото:Инстаграм/Костадин Костадинов
,,Приватна работа е . Не ја коментирам. Благодарам за интересот”.
Фото:Инстаграм/Костадин Костадинов
Костадин и Марија се свршија во јануари, 2021 година.
Фото:Инстаграм/Костадин Костадинов
Костадинов во тоа време беше пратеник и портпарол на СДСМ, го објави свршеничкиот прстен и најави дека наскоро ќе прават и свадбена веселба
Фото:Инстаграм/Костадин Костадинов
Во статус на Фејсбук тој тогаш напиша:
,,Животот ми овозможи да те запознаам. Бог пушти знак да се препознаам себеси и да си го препознаам животот со тебе. Нека љубовта трае до последниот атом.
Фото:Инстаграм/Костадин Костадинов
Затоа што си моја. Затоа што те сакам’’, напиша политичарот.
Фото:Инстаграм/Костадин Костадинов