Кафе муабет
КРАЈ НА ЉУБОВНАТА БАЈКА: Раскинаа Перо Антиќ и Катарина Ивановска?- парот ја крие причината за разделбата?
Повеќе не се заедно?
Долг период во јавноста се шпекулираше дека нашата најпозната менекенка Катарина Ивановска и еден од нашите најдобри кошаркари – Перо Антиќ се во врска а потоа се покажаа како вистинити.
Имено, по подолго време криење од очите на јавноста, парот потоа реши да не се крие и почнаа да излегуваат заедно во јавност.
Катарина се разведе од својот сопруг со кого има две деца – синчето Вања и помалата ќеркичка Кира која ја крсти по својот татко – поранешниот ракометен репрезетативец Кире Ивановски.
Додека пак кошаркарот Антиќ во 2019-тата година се разведе од неговата сопруга, Ружица Максимовска после 13 години брак.
Тие заедно имаат три сина.
Катарина и Перо изгледаа многу среќни и заљубени, но за жал љубовта заврши објави Женски магазин.
Шпекулациите за крах на врската започнаа неодамна откако парот престана да се појавува заедно во јавноста, објави гореспоменатиот медиум.
Со оглед на тоа што Катарине секојдневно го поминува времето со своите деца а Перо Антиќ е со своите пријатели и не се појавуваат заедно, започнаа да кружат гласините дека манекенката и екс кошаркарот повеќе не се заедно.
Ниту Катарина ниту Перо до сега не се огласија по овие вести за разделбата.