Дом и семејство

Кралскиот фотограф со шокантни детали за Меган и Хари: Беше депресивно да се работи со нив!

Меган и Хари не ги сакаат медиумите...

Кралскиот фотограф тврди дека работата со принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл била депресивна.

Фото Инстаграм/Меган Маркел

Говорејќи на подкастот I’ve Got News For You, Артур Едвардс зборуваше за неговиот однос со кралското семејство, за кој рече дека станал повеќе од вокација.

Фото Инстаграм/Меган Маркел

Меѓутоа, откако војводата од Сасекс ја запозна американската актерка Меган Маркл, Артур рече дека му било неудобно да биде во близина на двојката.

Фото Инстаграм/Меган Маркел

„Камила секогаш се поздравуваше, Кејт како и Вилијам. Сите се многу пријателски расположени, како и Хари додека не ја запозна Меган. Потоа отиде многу далеку и стана речиси мизерен“, тврди фотографот.

Фото Инстаграм/Меган Маркел

„Всушност, не завршив со работа на патувањата на Хари. Не ја направив турнејата на Хари низ Австралија со Меган. Јас дури и не ја направив турнејата на Хари низ Јужна Африка со Меган“, се сеќава тој.

Фото Инстаграм/Меган Маркел

„Сметам дека е многу депресивно да работам со нив. Ги мразеа медиумите и тоа беше срамно, па се откажав од работата со нив. Отидов со Чарлс во Нов Зеланд и на други места “, рече тој.

Фото Инстаграм/Меган Маркел

Причината за конфликтот со Кејт!

Во последно време многу се пишуваше за нарушената врска помеѓу Меган Маркл (38) и Кејт Мидлтон (38) но причините за конфликтот можеа само да се претпостават.

Фото Инстаграм/Меган Маркел

Во заедничките јавни ангажмани, тие секогаш даваа впечаток дека се интимни, затоа што се обидоа да ги прикријат сите обвинувања за нивните кавги и конфликти со насмевка.Растењето во различни средини, семејства и, на крај, различни карактери доведоа до проблеми во нивната врска.

Фото инстаграм/ Duke and Duchess of Cambridge

Информирани извори кои побарале да останат анонимни за магазинот Татлер, откриле кога започнал конфликтот меѓу војвотката од Сасекс и Кембриџ.

Фото инстаграм/ Duke and Duchess of Cambridge

Веќе нестабилниот однос поради разликата во карактерот и тешко прилагодување на Меган кон новите традиции и живот во Велика Британија, всушност се влоши неколку дена пред гламурозната кралска венчавка во Виндзор.На почетокот на мај 2018 година, неколку дена пред да го видиме принцот Хари пред олтарот каде се заколна на вечна љубов вистински хаос владеел во кралското семејство.

Фото инстаграм/ Duke and Duchess of Cambridge

Имено, Меган и Кејт наводно се судриле поради стилизирањето на малите невести кои традиционално се секогаш деца во Велика Британија, меѓу кои и принцезата Шарлот. Поради големата топлина во тој период, Меган сакаше снежно-бели фустани со кратки ракави со машна во задниот дел. Кејт виде еден проблем овде, а тоа се носењето на хулахопки, што Меган не го замисли во целата приказна. Покрај тоа, војвотката Кејт инсистираше на тоа дека девојките треба да носат хулахопки поради тоа што традицијата така диктира.

фото инстаграм/Меган Маркл

Наводно, Кејт Мидлтон не дозволила да се проба фустанот на Шарлот тој ден и плачејќи си замнила, а оние што биле присутни ја опишале како многу емотивна и се водеа од фактот дека малку пред тоа го роди своето трето дете.

Фото инстаграм/ Duke and Duchess of Cambridge

На фотографиите направени на денот на свадбата се прикажани деверушите кои носат фустани без чорапи, па може да се заклучи дека силната и решена Меган не дозволувала никој да се меша во најважниот ден за неа.

Фото инстаграм/ Duke and Duchess of Cambridge

„Кејт сакаше да ја почитува традицијата и да направи сето тоа да биде по протокол, но Меган инсистираше на нејзините идеи “, рече неименуван извор.

Фото инстаграм/ Duke and Duchess of Cambridge

Книгата за Хари и Меган открива детали од кралското семејство!

Принцот Хари беше првиот кој изговори „те сакам“ во врската со Меган Маркл, откриваат нивни пријатели кои додаваат дека двојката од својата прва средба биле „веднаш опседнати“ еден за друг, открива новата биографија за кралската двојка.

фото инстаграм/Меган Маркл

Двојката почувствувала „силно привлекување“ по нивниот прв состанок во Сохо, во Лондон, при што Хари на пријателите им рекол дека останал во „транс“, а Меган рекла дека „ова може да продолжи“.

Хари пиел пиво, а Меган мартини и тие разговарале за својата работа, и толку се внеле во разговорот што другите кои биле со нив се почувстувале запоставено.

фото инстаграм/Меган Маркл

На нивната прва средба, која траела три часа, Хари зборувал за својата хуманитарна работа и своите патувања во Африка, а на двајцата им било заедничко што имале желба „да напрат промени за добро“. Врската се случила по разводот на Меган и раскинувањето со првата сериозна врска после тоа. Им рекла на пријателите пред нејзиното патување во Лондон, дека би сакала „фин англиски џентлмен за да флертува со него“.

фото инстаграм/Меган Маркл

Тие не се бакнале првата вечер, иако избори велат дека „си создале свој мал свет“ и направиле план да се видат што побрзо повторно.

Нивната втора средба се случила следната вечер, на истото место, пишува во најновата биографија „Finding Freedom“, напишана од авторите Омид Скоби и Каролин Дуранд.

фото инстаграм/Меган Маркл

Авторите велат дека разговарале со повеќе од 100 извори меѓу кои се „блиски пријатели на Хари и Меган, помошници во кралското семејство и од палатата (поранешни и сегашни) и дека за сите информации имале „најмалку два извори“.

Фото Инстаграм/Меган Маркел

Во најновиот извадок, тие длабоко навлегуваат во приказната како Хари и Меган станаа двојка, нивните први состаноци, нивната посета на Палатата Кенсингтон и како Хари прв и рекол „те сакам“ што се случило во третиот месец од почетокот на нивната врска, на што Меган веднаш му одговорила „и јас те сакам тебе“.

Фото Инстаграм/Меган Маркел

Двојката речиси веднаш се поврзала, велат пријателите, со вторниот состанок во Сохо, кој се случил веднаш по првата средба.

Фото Инстаграм/Меган Маркел

Тие уживале во романтична вечера, при што персоналот мака мачел да им обезбеди приватност, па дури им овозможиле да влезат незабележано преку влезот за послугата.

Фото Инстаграм/Меган Маркел

Тие цела ноќ разговарале, а Хари се вратил сам во Палатата Кенсингтон, иако на пријателите им признал дека Меган го „освоила целосно“.

Фото Инстаграм/Меган Маркел

Тие се обиделе да ја скријат својата врска, иако Меган на Инстраграм објавила фотографија со бонбончиња во форма на срциња и напиша „бакни ме“ како и „вљубени срца во Лондон“. А исто така почнала да го следи приватниот налог на Хари на истата мрежа.

 

Фото Инстаграм/Меган Маркел

Следната ноќ, по втората средба Меган влегла во Палатата Кенсингтон но тајно, додека Хари се обидел да ја импресионира со приказни од својот живот и работата, признавајќи дека сето тоа е „помалку лудо“.

Фото Инстаграм/Меган Маркел

По шест недели, Хари ѝ рекол дека сака да ја однесе на патување, и побарал Меган да дојде во Лондон.

Таа зела авион од Торонто, ја поминала ноќта со Хари во Палатата, пред двојката да замине со авион во Јоханесбург следното утро.

Фото Инстаграм/Меган Маркел

Оттаму, тие со приватен авион заминале на сафари во Боцвана. При тоа биле сместени во луксузни бунгалови каде една ноќ чини 1.529 фунти. Пријател вели: „Се врати насмеана и целосно маѓепсана“.

Толку уживале во патувањето што се договориле цело лето да го поминат заедно, ако немаат обврски да се вратат дома.

Фото Инстаграм/Меган Маркел

Меган исто така отворено настапила и му кажала искрено што чувствува за Хари.

„Никогаш не сум се чувстувала толку безбедно“, му рекла Меган на свој близок пријател „толку се зближив за многу кратко време што не ми се случило досега“.

Фото Инстаграм/Меган Маркел

После тоа, тие често се гледале, а Хари со комерцијални летови одел да Торонто за да ја посети.

Патувањето во Боцвана, технички, беше нивната трета средба, и послужи за да се забрза врска, тврдат пријатели.

фото инстаграм/Меган Маркл

„Во тој период, и двајцата добија впечаток дека танцуваат околу една идеја која може да стане вечна“.

Меган целосно се посветила на врската и ѝ се допаднала идејата дека ќе биде кралска сопруга.

фото инстаграм/Меган Маркл

Првите месеци нивната врска ја држеле во тајност, плашејќи се да не дознаат медиумите за тоа.

Како и да е, Хари набрзо е забележан во соседството на Меган, а бил опкружен и со обезбедување кога ја посетувал.

фото инстаграм/Меган Маркл

Во октомври, додека бил во Торонто, Хари добил информација од свој помошник дека таблоид се спремал да ја обелодени неговата врска со Меган.

Помошникот, и неколку други од палатата, го советувале Хари да се врати дома, го предупредиле и неговото минимално обезбедување дека наскоро ќе го опседнуваат фотографи. Но Хари одбил да се врати.

фото инстаграм/Меган Маркл

Информацијата е објавена следниот ден, при што Меган била разочарана многу, пишува во биографијата, бидејќи таа и своите блиски ги лажела постојано за вистинската причина за нејзините патување во Лондон.

Фото Инстаграм/Меган Маркел

Хари ја предупредил Меган дека „неизбежно нивната врска ќе излезе во јавност“ и ѝ рекол да го искористат добро времето поминато заедно, иако Меган признава дака се изненадила во вниманието кое наеднаш го добила во јавноста.

фото инстаграм/Меган Маркл

За само 24 часа, Меган примила 100 пораки од луѓе со кои не се слушала со месеци или со години, и тие ја прашувале дали е вистина за врската.

Кратко време потоа, фотограф од Лос Анџелес ја чекал Mеган пред нејзиниот автомобил, со надеж дека ќе направи добра фотографија кога излегува.

Меган го пријавила во полиција. На својот пријател налутено му рекла: „Од сега натаму, вака ќе биде, нели?“

фото инстаграм/Меган Маркл

По обелоденувањето на врската почнале и првите расистички напади преку социјалните медиуми, нарекувајќи ја црнец и мелез. Ваквите пораки секако го налутија Хари.

Всушност пријателите на Меган велат дека Хари сфатил дека Меган ќе мора да се соочи со тоа, а тој самиот изгубил некои од своите пријатели.

Фото Инстаграм/Меган Маркел

Кога го прашувале за својата нова врска, и дали таа била „соодветна“, тој постојано размислувал и расата и класата каков удел имаат во нивната љубов.

Тој веднаш го прекинал пријателството со некои пријатели кои ја презирале Меган и нејзиното холивудско минато.

фото инстаграм/Меган Маркл

Тој почнал повеќе да ја штити и реши да даде официјална изјава.

Но, неговата изјава се поклопи со патувањето на неговиот татко, принцот Чарла на Блискиот Исток, како и посетата на Бахреин од страна на Принцот од Велс и Војвотката од Корнвол.

Тоа беше критичен момент и Хари сакаше да ја обелодени врската и покрај тоа што неговото семејство не знаеше за тоа. Неговиот татко дозна само 20 минути пред официјалната изјава објавена од Палатата Кенсингтон со која се отфрлаа сите одвратни написи во печатот, но се потврди неговата врска со актерката.

фото инстаграм/Меган Маркл

Самиот Хари инсистираше да се објави врската со која беше засенета турнејата на неговиот татко кој пак беше скршен и разочаран кога разбра за изборот на својот син.

Како и да е, оваа епизода е само доказ дека Хари чувстувал потреба да ѝ даде приоритет на жената што ја сака пред своите должности во кралското семејство.

фото инстаграм/Меган Маркл

Новата бомбастична биографија за Хари и Меган открива многу интриганти детали од нивното запознавање и заедничкиот живот во кралското семејство, се до моментот кога одлучија да си заминат од палатата и да се преселат во Канада.

фото инстаграм/Меган Маркл

Војводата и војвотката од Сасекс тврдат дека не дале никакви изјави или интервјуа за авторите на книгата која веќе е најавена како бестселер за светската публика.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close