Дом и семејство

Кралот Чарлс и додели уште една титула на Кејт Мидлтон: Ова нема да и го простат Меган и Хари

Стана почесен полковник на ирската гарда...

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон денеска се закити со уште една титула која и ја додели кралот Чарлс III.

Фото Инстаграм/Кејт Миделтон

Имено, тој за почесен полковник на ирската гарда ја поставил својата снаа, сопруга на постариот син и престолонаследник, принцот Вилијам.

Фото Инстаграм/Кејт Миделтон

Медиумите истакнуваат дека ова е многу соодветна одлука на кралот бидејќи Кејт редовно му оддава почит на овој полк на Денот на Свети Патрик, речиси секоја година откако влезе во британското кралско семејство како сопруга на Вилијам во 2011 година.

фото инстаграм/Кејт Миделтон

Не само што таа задолжително присуствува на церемонијата по повод одбележувањето на овој празник, туку секогаш е облечена во зелено и носи низа симболични детали кои оддаваат почит на ирската традиција.

фото инстаграм/Кејт Миделтон

Во пресрет на ова ново назначување и фактот дека британското кралско семејство, предводено од кралот, целосно ги игнорира принцот Хари и Меган Маркл по нивните скандалозни тврдења за расизам и малтретирање што ги претрпеле, многумина се прашуваат како војводата и војвотката од Сасекс ќе реагираат на „новата титула на“ Мидлтон.

фото инстаграм/Кејт Миделтон

Неодамна во јавноста излезе и документарецот на Меган Маркл и Хари во продукција на Нетфликс па предизвика вистински хаос.

фото инстаграм/Меган Маркл

Како одговор на тврдењето на Хари и Меган дека се однесуваат премногу формално, Кејт Мидлтон и Вилијам на нивниот официјален Инстаграм профил неодамна ја објавија својата прва празнична честитка како принцеза и принц од Велс.

фото инстаграм/Кејт Миделтон

Кралското семејство традиционално секоја година објавува божиќна честитка пред празниците, со симболична семејна фотографија.

фото инстаграм/Кејт Миделтон

Овој пат сите беа облечени во лежарно издание на прошетка на нивниот имот во Норфолк.

Кејт и Вилијам носеа џинс и кошула, додека децата Џорџ, Шарлот и Луис беа облечени во кратки шорц панталони.

Фото Инстаграм/Кејт Миделтон

Идниот британски крал и неговите најблиски со ова нивно издание не се разликуваат од ниту едно британско семејство. Тие цврсто се држат за рака што ја пренесува пораката за заедништво и обединување.

фото инстаграм/Кејт Миделтон

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close