Кафе муабет

Кој е среќникот што ја бакнува Цеца? Фолк дивата со овој потег го откри емотивниот статус ФОТО

Цеца го промени имиџот...

Цеца Ражнатовиќ ги воодушеви присутните новинари и фоторепортери кога се појави во Кошутњак пред студиото каде се снима популарниот музички натпревар „Ѕвездите на Гранд“.

Фото Инстаграм/Светлана Цеца Ражнатовиќ

Додека сите очекуваа занесна црнка, од колата излезе бринета која ги засени сите. Цеца ја смени бојата на косата, па сега изгледа како некоја од холивудските ѕвезди кои ги гледаме на црвениот тепих.

фото принтскрин

Нејзиниот стајлинг исто така беше беспрекорен. Фолк дивата носеше блескав, шарен фустан-јакна, кој таа го комплетираше со розови високи чизми. За ова издание на Цеца ќе се зборува долго време.

фото принтскрин

Не знаеме која е причината за оваа промена, дали пејачката конечно решила да ја задоволи публиката со нов албум, па за промотивни цели го променила и имиџот.

фото свет.рс

Постои и познатата изрека дека жените ја менуваат косата кога се несреќни, но да се надеваме дека тоа не е случај со Цеца.

Во медиумите веќе кружи и моабет дека во животот на Цеца постои некој кој и го украде срцето.

ФОТО: Светлана Цеца Ражњатовиќ / Инстаграм

Како и да е, изгледот на Цеца Ражнатовиќ изгледа фантастично и веруваме дека ќе добие пофалби од сите модни критичари.

ФОТО: Инстаграм/ Цеца Ражњатовиќ

Инаку неодамна во медиумите главна вест беше дека поранешното момче на Цеца Ражнатовиќ стапна на лудиот камен.

ФОТО: Цеца Ражњатовиќ / Инстаграм

Андреј Кулунџиќ, професионален тркачки возач, на пошироката јавност попознат како бившиот дечко на Цеца Ражнатовиќ, го кажа судбоносното „да“ на својата избраничка Маја и тоа на егзотична дестинација, Сејшелите, далеку од љубопитните очи јавноста.

фото Инстаграм/Цеца Ражнатовиќ

– Официјално тој потврди дека се ожени со својата избраничка на „Инстаграм“ споделувајќи серија фотографии на кои е среќен, ведар и бос стои пред матичар.

фото инстаграм/Андреј Кулунџиќ 

Романтичната венчавка се одржа во прекрасна морска средина. Маја блескаше во светло беж фустан, со дискретна шминка и лелеава фризура украсена со бели цветови, додека младоженецот носеше бела кошула и панталони соодветни на пригодата и местото.

фото инстаграм/Андреј Кулунџиќ

За потсетување, Андреј Кулунџиќ пред многу години беше поврзуван со балканската дива со која се запозна за време на снимањето на неговата емисија, а иако наводната врска никогаш не беше официјално потврдена, сепак го следи епитетот, поранешното момче на Цеца Ражнатовиќ.

фото инстаграм/Андреј Кулунџиќ

Кулунџиќ до неодамна беше во брак со сопругата Марина од која дискретно и тајно се разведе, па сега реши да и даде втора шанса на љубовта.

Една од приказните што пејачката никогаш не ја потврди е токму наводната врска која одамна, во 2007 година, ја изградиле со Андреј Кулунџиќ.

Но, Цеца и Андреј Кулунџиќ никогаш не ги потврдија наводите дека меѓу нив имало романса, но изгледа дека тоа не било ниту потребно. Во тој период сликите зборуваа погласно од сите зборови, а поранешната двојка во една прилика беше фотографирана на аеродромот во Љубљана непосредно пред концертот на Цеца во Целје.

Фото Инстаграм/Светлана Цеца Ражнатовиќ

Веднаш потоа почнаа да кружат гласини за нивната романса.

Цеца и Андреј Кулунџиќ не сакаа дополнително да ги подгреваат ваквите приказни. Пејачката тогаш за медиумите изјави дека не гледа ништо чудно во тоа што таа и Андреј биле на ист лет за Словенија. Но, таа тогаш не ја кажа целата вистина бидејќи беше забележано дека споменатиот рели возач е повеќе од редовен гостин во вилата на Цеца на Дедиње.

ФОТО: Инстаграм/ Цеца Ражњатовиќ

Како што тогаш коментираа упатените, Цеца и Андреј Кулунџиќ имале љубов на прв поглед, бидејќи пејачката го забележала за време на гостувањето во емисијата за автомобилизмот што тогаш ја водеше Андреј. Врската, сепак, траеше само седум месеци бидејќи во март 2008 година беше објавено дека парот се разделил, но и натаму останале пријатели. Потоа кружеа гласини за тоа како Андреј подоцна се вратил кај својата поранешна сопруга.

Фото Инстаграм/Светлана Цеца Ражнатовиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close