Кафе муабет

Која е првата дама на Турција, Емине Ердоган, жената што не остава ништо на случајност

Цврста, интелегентна и духовита жена

Емина и Реџип Таип Ердоган се во брак повеќе од четири децении.

И додека медиумите кои се блиски до турскиот претседател ја претставуваат како штедлива и предана домаќинка, опозиционите медиуми за неа велат дека е зависна од шопинг на скапа брендирана облека.

Од друга страна, таа самата себеси во јавноста се преставува како посветена жена на социјални проекти, се бори против детските бракови, им помага на инвалидните лица, жртвите на природни катастрофи.

Како и да е, првата дама на Турција Емине Ердоган (65) важи за една од најмоќните жени и тоа не само во Турција, туку и во целиот свет. На почетокот од политичката кариера на нејзиниот сопруг таа не се појавуваше во медиумите, но последните неколку годни сопругот го следи постојано и покажува големо влијание. Ердоган иако важи за еден од најбогатите светски политичари, роден е и се уште живее во Касимпаша, традиционална и конзервативна населба во Истанбул.

Фото: Инстаграм/ Емине Ердоган

Магазинот „People with money“ го стави меѓу најбогатите светски политичари кој тежи речиси 60 милиони долари.

Медиумите што не му се наклонети на Ердоган тврдат дека првата дама троши многу пари за шопинг. Обожава да носи скапа дизајнерска облека, обувки и антиквитети, а заради неа наводно големите трговски центри се затвораат а да може да купува во мир. Па така еден опозициски медиум во Турција неодамна пишуваше дека при посетата на Јапонија, првата дама се прошетала со чанта вредна која вреди преку 50.000 евра.

Фото: Инстаграм/ Емине Ердоган

Од друга страна „Deutsche Welle“ неодамна анализираше милионските градежни проекти на Ердоган, кој покрај езерото Ван направи владарска палата, која потсетува на палатата на селџучкиот султан Кејкубада од 13 век. Според податоците на Турската Влада, палатата се наоѓа точно на местото каде Алп Арслан, султанот на Турците Селџуци, го поставил шаторот пред битката кај Манзикерт, в која Селџуците во 1071 година го победиле Византиското царство. Покрај оваа палата Ердоган гради и летна резиденција во близина на Мармарис на средоземното море. Палатата ќе има 300 соби и досега чинела 37 милиони евра. Третата раскошна палата е направена уште во 2014 и во прашање е службената резиденција во Анкара. За неа Ердоган потрошил половина милијарда евра и е сместена сред природно подрачје кое е заштитено со закон. Опозицијата и тогаш го критикуваше, но џабе, пишува „Дојче веле“.

Според официјалната биографија Емине е родена во Ускудар, голем и густо населен регион во Истанбул на анадолската страна на Босфорот. Таа е со арапско потекло, најмладо дете и единствена ќерка во семејство од пет деца.

Фото: Инстаграм/ Емине Ердоган

Уметничкото школо „Mithat Pasa Aksam“ го напуштила пред да матурира, а на 15 години нејзиниот брат Хусеин и забранил да ја напушти куќата, бидејќи тоа не им доликува на девојките на нејзина возраст.

Емина тоа тешко го поднесувала, па затоа помислувала наводно и да си го одземе животот, но мајката помогнала да не се одржат строгите наредби.

Од друга страна пак, мајката на Ердоган на почетокот се противела на нивната врска како и на самата венчавка, инсистирајќи нејзиниот син да се ожени со потполно покриена девојка, што Емине во тоа време го одбивала. Иако бил вљубен во неа, Ердоган не можел да и се спротивстави на својата мајка бидејќи потекнувал од конзервативно семејство каде зборот на мајката и таткото се последни. Затоа наводно, се разболел и изгубил многу килограми, но на крајот, на 4 мај 1978 година љубовта победила, и Таим и Емине се венчале. Тие денес имаат четири деца, Ахмет Бурак, Несметин Билал, Симеје и Есре.

Фото: Инстаграм/ Емине Ердоган

Носи хиџаб, но не го покрива лицето

Госпоѓа Ердоган за себе сака да каже дека е побожна и традиционална жена, додека за нејзината изјава дека „харемот бил школо кој жените ги подготвувал за животот“ се уште се зборува, како во Турција, така и во светот.

Фото: Инстаграм/ Емине Ердоган

Покрај оваа изјава, таа неколку пати јавно зборуваше и дека секоја жена треба да биде мајка, што доведе до протести во Турција.

Што се однесува до нејзиниот стил, таа задолжително носи хиџаб со кој НЕ го покрива лицето, а одби да го направи тоа и на нејзината венчавка, и се уште се држи до таа одлука. Таа многу добро знае да ги избере и комбинира вистинските бои што можете да видите и од фотографиите што следуваат, а на службените патувања со својот сопруг секогаш одлично ја исполнува својата модна задача.

Фото: Инстаграм/ Емине Ердоган

Нејзините омилени парчиња се капут со едноставен крој и класични панталони кои секогаш наоѓа начин да ги искомбинира со некој модерен, интересен детаљ.

Фото: Инстаграм/ Емине Ердоган

Обожава скапи модни парчиња

Емина е поборник за здрава и природна храна, а сака да чита и слуша популарна музика. Но и покрај тоа што тврди дека живее скромно според муслиманските обичаи, ширум светот е позната нејзината страст за скапите модни парчиња и антиквитети. Таа еднаш дури и го затвори целиот трговски центар во Брисел за да може да купува, а за време на посетата на Варшава ги истражуваше тамошните антиквитети.

Фото: Инстаграм/ Емине Ердоган

Цврста и интелигентна жена

Емине заедно со својот сопруг има поминато низ многу подеми и падови, од доаѓањето на челото на Истанбул, преку неговите затворски денови, кога четири месеци помина зад решетки заради изјавување верска омраза, па се до основањето на партијата АКП и доаѓањето на чело на земјата. Нејзините пријатели ја опишуваат како цврста, интелигентна и духовита жежа која игра важна улога зад сцената. Во јавноста речиси секогаш носи хиџаб, сака да чита, пливал вози и да слуша турска класична музика. Важи за голем хуманитарец и често го осудува насилствата во Сомалија, Палестина и Сирија и на многу други места каде муслиманите се угнетувани.

Фото: Инстаграм/ Емине Ердоган
Фото: Инстаграм/ Емине Ердоган
Фото: Инстаграм/ Емине Ердоган
Фото: Инстаграм/ Емине Ердоган
Фото: Инстаграм/ Емине Ердоган
Фото: Инстаграм/ Емине Ердоган
Фото: Инстаграм/ Емине Ердоган
Фото: Инстаграм/ Емине Ердоган
Фото: Инстаграм/ Емине Ердоган

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close