Кафе муабет
Која е најубавата турска актерка која публиката ја запозна во серијата „Аманет“: Ја поврзуваа со 13 години постариот колега, демантираа но беа фатени на дело
Таа моментално е една од најбараните актерки...
Младата Сила Туркоглу е позната како една од најубавите актерки во Турција.
На Балканот веќе стекна големи симпатии кај гледачите со улогата во супер популарната серија „Заклетва“, но врвот на својата кариера го достигна со серијата „Аманет“ каде го игра го ликот на Сехер.
22-годишната Сила Туркоглу ја толкува главната женска улога во „Аманет“, каде нејзината убавина е особено изразена, кога го глуми ликот на скромна девојка.
Сила дипломирала во Анадолиската гимназија, по што земала приватни часови по глума, родена е на 18 април 1999 година во Измир а симпатиите кај публиката ги освои играјќи ја улогата на Сехер, убава и храбра девојка, која нејзината постара сестра на умирање и го остава на петгодишниот син Јусуф.
Таа вели дека сака сочувствителен, љубезен и интелигентен маж а со оглед на тоа што медумите на неколку пати ја поврзуваа со својот колега од серијата Аманет, може да се каже дека во него нашла се што бара кај еден маж.
Имено Халил Ибрахим Џејхан кој го глуми ликот на Јаман во серијата, е еден од најбараните турски актери во моментот.
Тие се во врска подолго време но љубовта ја кријат од љубопитните очи на јавноста. Тие во еден момент ја известија јавноста дека раскинале и дека повеќе не се заедно.
Тие сакале да бидат помалку интересни за медиумите и да не се зборува за нивниот љубовен живот.
Сила во една прилика откри дека е сосема обична девојка кога не е пред камерите.
-Сакам да читам книги, да пешачам, да истражувам нови места и да поминувам време со моите кучиња. Освен тоа, слушањето музика со запалени свеќи на крајот од денот за мене е еден вид медитација, па се трудам тоа да го правам често.
Инаку Сила Туркоглу се соочи со непријатна ситуација отккао реши да ја напушти турската серија Фатална љубов.
Фановите на серијата „Фатална љубов“ беа непријатно изненадени од веста дека актерката Сила Туркоглу го напушта проектот.
Како што тогаш се пишуваше, актерката не се појавила на снимањето, поради што и биле најавени тужби, а таа тогаш во последната недела од снимањето истакнала дека нема да игра во третата сезона од серијата.
– Актерката преку својот адвокат во последната недела од снимањето не извести дека веднаш ќе и биде склучен договорот или, во спротивно, нема да дојде на сетот. Ние го одбивме ова барање, бидејќи договорот сè уште важеше – соопштија тогаш.
Останатите сцени беа завршени со помош на каскадер, а потоа се огласи Сила Туркоглу и ја кажа својата страна од приказната.
Наводно, работела во тешки услови и додека била болна, а се шпекулирало дека била жртва на мобинг. Во турските медиуми можеше да се прочита дека Сила на почетокот на годината најавила оставка, а тешко и било што тогаш продуцентите лошо зборувале за неа пред медиумите.