Uncategorized

Короната ја тресе Македонија, но и целиот регион – Балканот станува ново ЖАРИШТЕ во Европа, државите ги бројат мpтвитe

Kоронавирусот ЕКСПЛOДИPAШЕ во регионот, ние не сме исклучок!

Пандемијата предизвикана од вирусот короната не само што не ослабува како што многумина се надеваа, туку зема замав.

Пандемијата со вирусот корона не само што не ослабува, туку последните денови зема сè поголем замав, како во целиот свет, така и кај нас, на целиот Западен Балкан. Речиси сите земји од нашето опкружување бележат црни рекорди, а ситуацијата е далеку од розова и во нашата земја.

Па така на пример во Словенија, уште два од 12-те региони преминаа од портокалово на црвено ниво во петокот, што значи дека рестриктивните мерки воведени поради епидемијата на вирусот корона сега важат вкупно во девет региони во оваа европска земја. Оние што се во црвените региони не им е дозволено да го напуштат истиот, иако постојат исклучоци, како што е на пример одење на работа или кај доктор.

Покрај ваквата мерки, во овие региони е на сила целосна забрана за собирање и одржување јавни настани, свадби и црковни церемонии. Баровите, рестораните и спортските објекти се затворени, додека фризерските и салоните за убавина можат да примаат само по еден клиент.

Фото: Фејсбук/ Венко Филипче

Носењето маски е задолжително во затворен простор, но и на отворено и во автомобил кога возите лице кое не е член на исто домаќинство.

За учениците од петто одделение од основно училиште, наставата ќе се одвива на далечина најмалку до есенскиот распуст, кој започнува во последната недела од октомври, по што оваа одлука ќе биде повторно разгледана. Истата мерка ќе важи и за средношколците во Словенија, додека на факултетите им се препорачува да се префрлат на оваа форма на настава. Кога станува збор за границите, во Словенија засега остануваат на сила истите правила што важеа и досега.

Хрватска

Во главниот град на Хрватска стапија на сила новите епидемиолошки мерки кои ќе траат во следните 14 дена. Мерките беа воведени како резултат на зголемувањето на бројот на пациенти со ковид-19, што беше потврдено вчера кај 987 жители на Загреб, најмногу од почетокот на пандемијата.

Новите епидемиолошки мерки вклучуваат задолжително носење заштитни маски во сите затворени простори каде што се вршат јавни или социјални активности, настани, културни или други програми, верски или други социјални собири, ако не е можно да се одржи физичко растојание од најмалку два метра. Мерките вклучуваат задолжителна употреба на маски и на отворен простор каде што не е можно да се одржи физичко растојание од најмалку два метра.

Фото: Унсплаш

Стапуваат на сила и мерките поврзани со системот за социјална заштита, кои меѓу другото вклучуваат забрана за посета на корисници на услуги за сместување во домови за стари лица и забрана за напуштање на корисниците на овие институции. На територијата на цела Хрватска, кафулињата и рестораните имаат забрана за работа по полноќ, а сите гости мора да носат маски во целиот објект, освен додека седат на масата. Во средата во Хрватска стапи на сила и одредба според која секој угостителски објект мора да обезбеди чувари-редари кои ќе го следат почитувањето на ваквите мерки, по еден на секои 50 гости.

Сопствениците на угостителски објекти кои нема да ги спроведат ваквите мерки ќе мораат да платат казна, а во овој момент властите во оваа земја не размислуваат и за казни за физичките лица.

Во Хрватска, моментално е во сила одредбата за задолжително носење маски во затворено, каде што не е можно растојание од два метра, со препорака во овие ситуации да се носат заштитни маски и на отворено.

Филипче предлага ригорозни мерки

Нашиот министер за здравство, Венко Филипче, во петокот изјави дека кризниот штаб предложи усвојување на нови ограничувања, вклучително и целосна забрана за јавни настани, затворање на сите установи во 23 часот и намалување на капацитетот на јавниот превоз за 50 проценти.

Се очекува веќе во првите денови од идната недела да се донесат нови рестриктивни мерки.

Законот за заштита од заразни болести веќе е во собраниска процедура, изјави вчера министерот за здравство Венко Филипче.

Како што кажа Филипче, по скратена постапка ќе се носи законот со кој ќе се воведат новите мерки, како што се носење маски на отворено, забрането групирање и гости после 22 часот.

Што се однесува до бројките, според последните информации од Министерството за здравство, на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 65 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Фото: Фејсбук/ Венко Филипче

Во нашата земја во моментов има вкупно хспитализирани 452 пациенти со пто се прави огромен притисок врз болничктие капацитети. Само вчера имаше близу 600 новозаболени за едно деноноќие, или прецизно, 594 лица.

Во ГОБ „8 Септември“ има 7 приеми, а вкупно хоспитализирани се 46 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 34, а во болницата во Штип се 51 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 207, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Црна Гора

Во Црна Гора од четвртокот во сила се нови привремени епидемиолошки мерки на подрачјето на општина Цетиње, поради зголемувањето на бројот на новозаразените пациенти. Општинскиот тим одлучи привремено да ги затвори сите игралишта на отворено и полигоните, како и рекреативните зони во градските паркови, каде што е можно да се соберат повеќе луѓе.

Фото: Унсплаш

На здруженијата на стари лица, рекреативните и спортските организации на колективни спортови им беше препорачано привремено да ги прекинат сите свои активности. На сопствениците на спортски сали и фитнес клубови им се препорачува строго да се придржуваат до мерките за почитување на бројот на луѓе и задолжително физичко растојание во салата, како и редовна дезинфекција на уредите и средствата достапни на корисниците.

Босна и Херцеговина

Во Босна и Херцеговина, одредбата за задолжително носење маски и на отворено, во кантонот Сараево, стапи на сила во четвртокот, поради зголемувањето на бројот на заразени лица, што ќе важи до 31 декември. Носењето заштитни маски е задолжително во затворен простор и на отворено за сите, освен спортисти на натпревари, тренинзи и спортски активности, возачи на велосипеди, електрични скутери и мотоцикли, и некои други исклучоци.

Фото: Унсплаш

Покрај овие мерки, во Сараевскиот кантон, на правните лица им е наложено да обезбедат променливо работно време со цел да се намали метежот во јавниот превоз. Исто така, на основните и средните училишта им беше наредено да организираат работа од 7.30 до 9.00 часот, со цел да се ослободат од преголемото оптоварување на јавниот превоз во овој босански град.

Црна Гора прва во Европа според бројот на заразени

Целиот регион на Западен Балкан бележи зголемување на бројот на заразени со вирусот корона, а во повеќето земји се регистрирани рекорден број случаи, така што оваа област станува ново жариште во Европа.

Црна Гора е на прво место во Европа по бројот на случаи од почетокот на пандемијата „ковида-19“ на 100.000 жители.

Фото: Унсплаш

Како што се наведува во податоците на европските статистички центри, меѓу првите 10 од 45-те европски земји со најмногу заразени, нема друга земја од регионот. Македонија е на 11 место, а Босна и Херцеговина на 14-тотот.

Според податоците објавени на 16 октомври, Црна Гора има 2.385,15 регистрирани случаи на коронавирус на 100 000 жители, а потоа следуваат Ерменија и Шпанија.

Косово според истите критериуми е на 17-то, Албанија на 27-то и Хрватска на 28-то место. Следува Словенија, која е зад Хрватска, додека Србија е на 30-та позиција со 509,12 заразени на 100 000 жители.

Кога станува збор за стапката на заболување во последните седум дена, најголем број на заболени лица на 100.000 жители е забележан во Андора, потоа во Чешка, потоа во Белгија и Холандија, додека Црна Гора е на петтото место.

Нашите болници забрзано се полнат

Повеќе од 20 пациенти со коронавирус секој ден транспортира скопската Брза помош. Дел од нив имале потреба за специјалистички преглед, други пак неопходна хоспитализација на Инфективната клиника или во “ГОБ 8” септември поради влошување на состојбата. Високите бројки на позитивни на Ковид-19 последната недела го зголемија и бројот на интервенции на екипите од Службата 194.

Фото: Унсплаш

„Зголемен е бројот на јавувања на телефоните на Брза помош. Кај некои интервенираме, кај некои советуваме. На дневно ниво имаме 100 до 120 интервенции од кои над 20 се кај Ковид позитивни пациенти. Нив си ги водат матичните лекари, тие им закажуваат и им договараат прегледи на специјалистичко ниво, а ние го вршиме транспотот до соодветната установа, но се разира дека интервенираме и кај акутно влошување кај ковид позитивните пациенти“, изјави за телевизија Сител д-р Елена Карева Пиловска, специјалист психијатар и шеф на смена во ИМП-Скопје.

Нашите болници забрзано се полнат, а пациентите со Ковид најчесто се жалеле на зголемена температура и отежнато дишење.

„Најчесто се работи за повозрасни пациенти со други коморбидитети. Најчесто бараат совети за зголемена температура, отежнато дишење, а се поголем е бројот и кај потреба од психолошки советувања, имаме зголемен број пациенти кои имаат панични напади, а се повеќе и анксиозни состојби“, вели д-р Карева Пиловска во интервју за телевизија Сител.

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close