Uncategorized

Короната се шири, но конечно има и добри вести

Нов извештај од СЗО

Досега преку 23,65 милиони луѓе во светот биле заразени со вирусот корона

Пандемијата на новиот корона вирус продолжува да се шири, но зголемувањето на бројот на нови инфекции и трагични случаи од последиците од Ковид-19 полека почнува да забавува на глобално ниво, освен во Југоисточна Азија и на Источниот Медитеран, соопшти Светската здравствена организација.

Во неодамнешниот извештај за пандемија кој беше објавен во понеделникот, Светската здравствена организација изјави дека Северна и Јужна Америка продолжуваат да бидат најтешко погодените региони, со половина од новозаразените од преку 1,7 милиони и 62 проценти од вкупно 39.240 изгубени животи потврдени минатата недела како последица на Ковид-19.

Во текот на минатата недела, бројот на заразени лица опадна за четири проценти во однос на претходната недела, додека бројот на жртви се намали за 12 проценти, изјавија официјални претставници на СЗО, а пренесува Ројтерс.

Југоисточна Азија, втора во светот во однос на сериозноста на епидемиолошката состојба, објави зголемување на бројот на ново заразени за 28 проценти, додека бројот на лица кои го изгубиле животот од короната се зголеми за 15 проценти.

Бројот на заболени од ХОВИД-19 во источниот медитерански регион исто така е зголемен за четири проценти, додека бројот на трагични случаи од последиците од оваа болест постојано опаѓа во последните шест недели.

Минатата недела имаше осум до единаесет проценти помалку нови инфекции и трагични случаи од коронавирус во Африка, според извештајот на СЗО.

Во Европската унија, бројот на нови пријавени случаи на Ковид-19 постојано се зголемува во последните три недели. Во текот на минатата недела, бројките се речиси незначително зголемени, за околу еден процент, додека бројот на жртви од последиците од инфекција со корона продолжува да расте.

Регионот на Западниот Пацифик бележи пад од пет проценти на нови инфекции, според податоците на СЗО.

Според статистиката на Ројтерс, над 23,65 милиони луѓе во светот досега биле заразени со вирусот корона, додека 811.895 пациенти го изгубиле животот како резултат на болеста предизвикана од него.

Се уште сме далеку од колективен имунитет

Инаку Светската здравствена организација пред само неколку дена соопшти дека човештвото не е ниту близу до тоа да има ниво на имунитет на коронавирус кој би бил неопходен за стекнување на имунитет на стадо при што доволен дел од популацијата би имала антитела за да го запре ширењето на вирусот. Имунитетот на стадо обично се постигнува со вакцинација и повеќето научници проценуваат дека најмалку 70 отсто од популацијата мора да има антитела за да се спречи епидемијата.

Сепак некои експерти сугерираа дека заштитен ефект би дал и ако само половина од популацијата има имунитет.

Таквата теорија меѓутоа ја отфрли Мајк Рајан, одговорен од СЗО велеќи дека не треба да живееме во надеж дека ќе стекнеме имунитет на стадо.

„Како глобална популација не сме ниту близу до нивото на имунитет неопходен за запирање на пренесуваето на оваа болест. Тоа не е решение и не е решение што го бараме“, рече тој пред новинарите.

Повеќето досега направени студии заклучија дека само 10 до 20 отсто луѓе стекнале антитела.

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close