Кафе муабет
Конечно ќе и се исполни најголемата желба: Сека Алексиќ пресреќна- сподели убави вести
Ќе го вкрсти гласот со нејзината најдобра пријателка...
Oваа година беше и повеќе од успешна кога станува збор за работата. Пејачката Сека Алексиќ успешно ги реализира бизнис плановите за оваа година, а следната ја дочекува со многу мотивација.
Сепак, може да се каже дека кон крајот на оваа година ќе се оствари и долгогодишната желба на популарната пејачка.
Јавноста е запознаена дека најдобра пријателка на Сека е пејачката Слаѓа Алегро. Иако Сека и Слаѓа приватно се дружат со години, дури сега ќе ги вкрстат гласовите и ќе влезат во 2023 година пеејќи на иста сцена на обострано задоволство. Тие две се долги години пријателки и тоа секогаш јавно го објавуваат, дури и нивните деца често се дружат.
Сека веќе размислува за нивниот стајлинг за најлудата ноќ.
– Слаѓа не мора да се адаптира, таа веќе се согласи. Таа ми рече: Добро госпоѓо, ќе облечам два фустани. Знае дека не вреди да се расправа со мене, мора да попушти. Мислам дека луѓето ќе бидат пресреќни кога ќе не видат заедно на сцена – воодушевено рече Сека.
Слаѓа е горда мајка на ќерката Мила, додека Алексиќ има два сина Јован и Јаков.
Желбата на Сека Алексиќ е по трет пат да се оствари во улога на мајка а во една прилика откри дека посакува да роди девојче.
Нејзиниот постар син избрал име за сестричката а тоа е Софија.
Јавноста веќе знае колку време Сека сакаше да стане мајка, а пред шест години таа желба и се исполни.
Првото дете Јаков го роди во септември 2016 година, а четири години подоцна, поточно во јануари 2020 година, го роди вториот син Јован.
Светлана летово објави дека во септември планира да оди на ин витро оплодување, но се уште не се огласла по таа изјава.
Пејачката додала и дека сака големо семејство и дури пет деца.
– Сите грешки што ги правиме како родители со првото дете, ги исправаме со второто, третото, четвртото и петтото. Се надевам дека ќе бидат пет. Се надевам. Во септември планирам повторно да одам на вонтелесно оплодување. Што и да биде, Господ да даде само здравје – изјави пејачката.
Пејачката се осврна и на темата каква е како мајка, и истакна дека е среќна и задоволна што се исполнила во таа улога бидејќи тоа е она што го посакувала долго време.
– Замислете да родам близнаци. Колку и да даде Господ, јас сум задоволна. Макар и да не забременам повторно јас сум среќна и задоволна. Како мајка го постигнав тоа што го посакував долго време – истакна пејачката.
Во неколку наврати пејачката Сека Алексиќ зборуваше за борбата за потомство и долгото чекање да се оствари во улога на мајка.
Сега кога ги има синовите Јаков и Јован таа вели дека мајчинството е најголемиот дар кој го добила во животот и во улога на мајка најмногу ужива. Таа и нејзиниот сопруг Вељко Пиљикиќ седум години чекале да добијат дете и да се остварат во улога на родители а нивниот син Јаков дојде во вистинско време.
„Господ ќе не дарува со уште повеќе. Колку повеќе деца има, толку е посреќна куќата. Се надевам, со вера во Бог, дека Јаков и Јован ќе добијат повеќе браќа или сестри“, рече Сека.