Кафе муабет
КОНЕЧНО ЈА ПОКАЖА ВО ЈАВНОСТ: Ова е новата девојка на Виктор Живојиновиќ!
Повторно е заљубен...
Синот на Лепа Брена по раскинувањето со шминкерката Сандра Миљаковиќ до сега не објавуваше други девојки во јавноста, но сега откри дека повторно е заљубен.
Виктор сега објави фотографија од рафтинг, а на романтичната слика се гледа атрактивна бринета како му седи во скут.
Тие, очигледно, се во поголемо друштво кое се занимава со рафтинг, а Живојиновиќ решил да ја земе новата избраничка на оваа авантура.
Помладиот син на Брена минатата година ја раскина врската со Сандра Миљаковиќ, по што го поврзуваа со пејачката Лена Чолак.
Сепак, ниту Лена ниту тој не потврдија дека се во врска, а потоа се појавија шпекулации дека раскинале.
– Со Виктор Живојиновиќ отсекогаш сме биле пријатели и само пријатели – рекла пејачката која истакнува дека и е непријатно да објаснува такви работи, со оглед на тоа што меѓу нив нема ништо повеќе.
– Во јули минатата година Виктор Живојиновиќ ја раскина двегодишната врска со манекенката Сандра Миљаковиќ и сакаше извесно време да биде сам. По неколку месеци му се случи нова љубов – вели близок пријател на Виктор и открива каде синот на Брена ја нашол својата нова девојка.
– Виктор и Лена се сретнаа неколку пати на заеднички приватни прослави, каде што беше ангажирана да пее. Веднаш му се допадна, но дури неодамна реши да и пријде и да и признае дека сака врска со неа. Лена му рекла дека и таа има симпатии кон него и така започна се …На Виктор му се допаѓа колку е Лена амбициозна и спонтана, особено му е драго што кариерата не ја гради врз скандали. Не се надевал дека и таа ќе се појави на настанот на кој бил тој, па кога ја видел многу се израдувал – изјавил тогаш извор за „Стар“.
А која е новата избраничка на Виктор се уште не се знае, но најверојатно наскоро самиот ќе објави за кого се работи.
Да потсетиме, Виктор е најмладиот син на Боба и Брена а од родителите доби вреден недвижен имот, во населбата Вест 65 во Нов Белград кој вреди околу 700.000 евра.
– Виктор се всели во станот, иако не е целосно уреден. Се заразил со корона, па решил да се изолира во новиот стан. Планирал на лето да ја напушти семејната вила на Бежанијска коса, но поради короната решил порано да ги спакува куферите. Не му пречи што работите се уште се во тек бидејќи не оди никаде. На негова адреса се доставува храна, а тој се слуша со мајка му и татко му неколку пати на ден – вели извор близок на Живојиновиќ.
Изворот близок на семејството неодамна за Информер.рс откри како изгледа новиот стан на најмладиот Живојиновиќ и кои ќе му бидат првите соседи:
– Брена и Боба избраа стан од 140 квадрати за Виктор, за кој платија дури 700.000 евра! Интересно е тоа што, тие ќе му бидат првите соседи! Брена и Боба си купиле стан на ист кат. За разлика од Виктор, двајцата нема да брзаат да се преселат. Веројатно следната година ќе се преселат во новиот стан, завршува изворот.
Бидејќи подолго време се шпекулира за новата љубов на Виктор, можно е најмладиот наследник на Боба да сакал да се осамостои па во иднина и да стапне на лудиот камен.