Новости

Конечно убави вести за Македонците во Германија што сакаат да се вакцинираат

Во Германија започна вакцинирањето...

Германскиот министер за здравство, Јенс Шпан истакна дека нарачува вакцини за 2022 година во случај да биде неопходна друга доза за имунизација против Ковид-19.

Пред форумот на здравствени работници, министерот го бранеше напредокот постигнат во набавката на вакцината на онлајн конференција, велејќи дека 2,3 милиони граѓани, од 83 милиони во Германија, веќе ја примиле првата доза на вакцината, извести Ројтерс.

– Сега всушност нарачуваме нови вакцини за 2022 година, за да можеме да имаме барем нешто при рака – рече Шпан.

„Ако се безбедни и ефикасни, вакцините можат да помогнат во справувањето со пандемијата, без оглед на земјата во која се произведуваат“, рече Шпан за Frankfurter algemajne cajtung додавајќи дека вакцините мора да бидат одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА).

Foto: Profimedia/MICHAEL KAPPELER/AFP

Тој изјави дека не гледа фундаментална пречка за употреба на кинески или руски вакцини против вирусот корона.

Изјавата на Шпан за кинески и руски вакцини доаѓа неколку дена откако тој призна дека Германија се соочува со недостиг на вакцини што може да продолжи најмалку до април, според Дојче веле.

Тој додаде дека никој не знае дали на Германија ќе и требаат дополнителни количини.

Веднаш штом ќе се прошират производните капацитети, ние ќе нарачаме вакцини како мерка на претпазливост. Ако не ни требаат, добро, но ако ни требаат – тие ќе ни бидат достапни – додаде германскиот министер.

Русија во петокот објави дека ќе може да достави 100 милиони дози вакцина Спутник В во ЕУ во вториот квартал, што ќе овозможи вакцинирање на околу 50 милиони луѓе, а барањето за одобрување на вакцината е веќе доставено до ЕМА.

Фото Илустрација

Генерално, тоа би било доволно да се стекне т.н. „колективен имунитет“, кој кога станува збор за ковид-19 до сега е помеѓу 60 и 70 проценти.

foto inz.ba/

Според Дојче веле, пандемијата, која останува главна тема во Германија, ќе биде ублажена.

Некои покраински премиери денес се приклучија на критиките кон федералната влада, пред состанокот на новата работна група за вирусот корона, според Ројтерс.

Националните и регионалните претставници задолжени за договорот со фармацевтските компании и претставниците на Европската унија ќе се соберат на иста маса во понеделник.

Баварскиот премиер Маркус Зедер предложи нови правила кои и овозможуваат на државата да има поголеми овластувања во насочувањето на резервите на вакцини кон оние на кои им е најпотребно.

foto jutarnji.hr/

Тој ги повика властите да размислат за одобрување на кинеските и руските вакцини за употреба во Европа.

Европските влади се соочуваат со критики во врска со набавките за вакцини, што е забавено со најавите на производителите АстраЗенека, Фајзер и Модерна дека ќе ги намалат испораките на договорени дози исто како што се очекува да го зголемат производството на вакцини, додека многу европски земји завидуваат на успешната забрзана масовна вакцинација во Велика Британија, Израел и САД, според британската агенција.

Во меѓувреме, вакцинацијата против ковид-19 започна и во Германија и тоа е тема што ги окупираше истражувачите во таа земја, пишува Дојче веле.

Сепак, дозата на вакцини засега е мала. Германските медиуми многу пишуваа и зборуваа за тоа, а се поставуваше прашањето кој може да биде виновен за тоа и дали е правилно што ЕУ се согласи да преговара заедно со производителите, а не секоја земја за себе.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close