Кафе муабет
КОНЕЧНО ПРОЗБОРЕ И ЈА КАЖА ВИСТИНАТА: Со Дарко не сме заедно 4 месеци- ја откри причината за разделбата!
Пејачот неодамна дури рече дека закажале венчавка за 24 јуни, а Марина сега ги негираше неговите тврдења и откри дека тие не се заедно со месеци...
По долгите шпекулации за врската помеѓу Дарко Лазиќ и Марина Гагиќ, поранешната свршеница на пејачот ексклузивно за српски Курир откри во какви односи е со Дарко.
Таа ја откри вистината за нивната врска откако фолкерот објави серија фотографии на кои тој е во друштво на атрактивни девојки со кои беше на луксузна јахта.
Пејачот неодамна дури рече дека закажале венчавка за 24 јуни, а Марина сега ги негираше неговите тврдења и откри дека тие не се заедно со месеци.
“Ние дури и не закажавме свадба за да ја откажеме. Дарко и јас не живееме заедно скоро 4 месеци . Причините се јасни. Мислам дека не му доликува вакво однесување но боже мој негов живот негова работа , рече Марина и започна да зборува за синот Алексеј.
“Се чувствувам одлично, конечно имам заслужен мир со моето дете. Алексеј е најомиленото и најсреќното дете, тој е во центарот на вниманието во моето семејство”, рече Гагиќ, која реши да стави крај на оваа приказна.
“Морам да кажам дека сè е во ред со мене и Марина. Нешто многу убаво не чека. Ние сме многу среќни заедно,а луѓето само озборуваат. Таа не нашла никакви пораки дека ја изневерив. Таа доаѓа дома денес. Сè е во ред, ние функционираме нормално. Ако веридбата беше раскината, јас сигурно ќе знаев. Тоа беше кавга како во секоја заедница, каде што нема кавга, нема љубов “, рече Лазиќ, сакајќи да го прикрие раскинувањето со Марина.
Тој рече дека ‘ќе прави голема венчавка
„Нема многу подготовки, јас сум во можност да испланирам сè за еден ден. Она што го знам засега е дека ќе бидеме домаќини на повеќе од 800 гости, дека ќе ангажираме три или четири бенда и дека прославата ќе трае два дена. Немав голема венчавка, иако тоа беше моја желба. Затоа сега ќе ги следам сите традиционални обичаи “, рече Дарко во една пригода.