Кафе муабет
КОНЕЧНО – ,,НАШИОТ ПРВ ЗАЕДНИЧКИ БОЖИЌ” – Спенџарска го покажа дечкото, слават Божиќ во Солун
Јелена Спенџарска со саканиот слави Божиќ во Солун ...
Водителката Јелена Спенџарска повеќе од 15 години е во медиумскиот простор.
Многу скандали, јавни препукувања, суспендирања од нејзината матична ТВ-куќа, но и многу телевизиско искуство и напорна работа стојат до нејзиното име.
Беровчканата години наназад ја гледаме како дел од Утринската програма на Канал-5 телевизија.
Иако летото го искористи за шетање и три месеци беше на неплатен одмор, од септември таа повторно се врати на нејзината прва љубов – Телевизијата.
Освен телевизиската работа, Јелена е доста активна и многу популарна и на социјалните мрежи.
Нема дел од денот кој не го споделува со своите следбеници на Инстаграм.
Фото:Инстаграм/Јелена Спенџарска
Периодов Спенџарска во многу наврати споделува фотографии и моменти со своето момче.
Фото:Инстаграм/Јелена Спенџарска
Водителката до денес не го покажуваше момчето во јавноста, но сепак реши токму на Католичкиот Божиќ да ги изненади своите фанови и да објави фотографија со саканиот.
Фото:Инстаграм/Јелена Спенџарска
,,Нашиот прв заеднички Божиќ’’ – Конечно , напиша Јелена под фотографиите.
Фото:Инстаграм/Јелена Спенџарска
Инфлуенсерката периодот наназад споделуваше дека конечно ја пронашла својата сродна душа – меѓутоа во јавноста не покажа за кого станува збор.
Фото:Инстаграм/Јелена Спенџарска
Спенџарска и нејзиниот дечко уживаат во Новогодишната атмосфера и заедно го прославуваат Божиќ во Солун.
Фото:Инстаграм/Јелена Спенџарска
Тие позираа покрај Новогодишната елка и си разменија Божиќни подароци.
Фото:Инстаграм/Јелена Спенџарска
Инаку, водителката можеме почесто да ја видиме во Грција, бидејќи нејзиното момче е од Солун, па Јелена оди почесто во негова посета.
Фото:Инстаграм/Јелена Спенџарска