Кафе муабет
КОЛЕГИВЕ МИ ВЕЛАТ ДЕКА И СО 36 ГОДИНИ ГАЗАМ – Водителката Милена слави роденден, погледнете како ја изненадија колегите
Водителката Милена Антовска слави роденден...
Гледачите на утринската програма на Канал 5- „Здраво Македонијо” секое утро имаат чест да ја гледаат Милена Антовска- Станковска, која важи за една од најубавите и најдобро стилизираните водителки кај нас.
Фото:Инстаграм/Милена Антовска
Јавноста ја запозна како една од првите водителки на утринската емисија на Канал 5 телевизија каде заедно со водителот Роберт Јанков ја водеа програмата.
Фото:Инстаграм/Милена Антовска
Милена Антовска, а последните неколку години и Станковска важи за една од најубавите и најзгодни тв-лица кај нас.
Изминатата година Милена паузираше од тв-екраните, користејќи породилно отсуство по втор пат откако на свет ја донесе нејзината втора ќеркичка Јоана.
Во октомври, водителката се врати на работа, пред малите екрани, па на социјалните медиуми сподели:
,,Како да не поминала една година. Имав навистина убаво утро и топло добредојде од моите гледачи. Додека не влегов во студио всушност не бев ни свесна дека ова ми недостасувало’’, напиша Милена.
Фото:Инстаграм/Милена Антовска
И покрај тоа што после пораѓајот водителката се пожали на својата тежина, на најновите фотографии таа изгледа навистина згодно.
Фото:Инстаграм/Милена Антовска
Водителката неодамна ја покажа и својата ќеркичка Јоана на социјалните мрежи, па и таа како и нејзината позната мама доби низа комплименти дека е преслатка но дека е копија на тато Гордан.
Фото:Инстаграм/Милена Антовска
Денес, водителката го прослави својот 36-ти роденден.
Фото:Инстаграм/Милена Антовска
По тој повод колегите од Канал 5 и приредија низа изненадувања, а Јелена Спенџарска ја изненадија со преубав букет цвеќе.
Фото:Инстаграм/Милена Антовска
Милена објави фотографија на Инстаграм а под неа напиша:
,,Колегиве ми велат дека и со 36 години ,,газам’’.
Фото:Инстаграм/Милена Антовска
Ви благодарам на сите за преубавите зборови и искрени честитки – напиша водителката.
Фото:Инстаграм/Милена Антовска
Денес во Канал 5 Телевизија таа пристигна со нејзината прва ќеркичка Лана Марија која беше пресреќна за роденденот на мама.
Фото:Инстаграм/Милена Антовска
Среќен роденден Милена!
Фото:Инстаграм/Милена Антовска