Кафе муабет
Кога ќе ти се јават дека жена ти те изневерува со сопственик на ноќен клуб- Познатиот водител Милан Калиниќ за прв пат јавно проговори за бракот и аферата
Заедно се повеќе од шеснаесет години...
Познатиот водител Милан Калиниќ реши јавно да прозбори за својот брак кој успеа да опстои и покрај страшните шпекулации и обвинувања за измама.
Бракот на Милан Калиниќ долги години го опишуваа исклучиво со епитетите хармоничен, совршен, убав, хармоничен, еден во милион, необичен…. Всушност така беше се додека во медиумите не се појави приказната дека неговата сопруга Сандра го изневерува со сопственик на ноќен клуб.
Бројните епитети , кои се однесуваа на врската на актерот со неговата сопруга, паднаа во вода во очите на јавноста во тој момент, иако никој, со сигурност не можеше да каже дека неверството навистина се случило.
Во тие денови се веруваше дека многубројните шпекулации и страшни наслови на порталите ќе ја уништат заедницата на Калиниќ но и покрај лошите јазици и коментари, тоа не се случи. Милан и Сандра неодамна ја прославија 16-годишнината од бракот, па актерот се пофали на „Инстаграм“, а врз основа на неговите претходни изјави може да се заклучи дека споменатата кавга не е ниту прва ниту последна во неговиот брак.
– Секако, имаше и многу тешки моменти, но поради убавите би ги повторил сите. Кој би рекол дека тоа го кажува некој кој секогаш тврдел дека бракот е „ненормален феномен“ … но истото го мислам и денес, но многу нешта научивме во бракот… Не шетаме голи по улиците затоа што нè научиле да не го правиме тоа, иако тоа било нормално за нашите далечни предци. Кога ќе го погледнете бракот од повеќе аспекти, доаѓате до заклучок дека тоа не е нешто што ни е блиско, особено на мажите. Да не бев таков каков што сум, пред се, да немам пријател во Сандра, одамна ќе се вратев на „машката природа“. Од друга страна, ние сме суштества со размислување, социјализирани, знаеме да ги доведеме во ред нашите инстинкти, па го правиме она што е во спротивност со исконските импулси. На почетокот, кога јас и Сандра „флертувавме“, не можев да знам каков човек е. Сега, кога поминаа многу години, среќен сум што до мене имам вистинска пријателка, одлична мајка на моите деца. Посебно сум изненаден од односот што го има со моето семејство. Имам чувство дека мајка ми ја сака Сандра повеќе од мене во моментов. Од друга страна, и јас одлично се согласувам со нејзиното семејство – изјави еднаш Милан, па ја откри тајната на својот 16-годишен и бурен брак.
– Ме прашуваат во што е тајната. Еве во ова кога после 16 години уште вака се смее со тебе. Тоа е ТАЈНА – напиша тој под фотографијата објавена по повод годишнината.