Кафе муабет
КОГА ГО ЖЕНЕШЕ СИНОТ НЕ ПОМИСЛИ НА ОВА: Сузана Јовановиќ откри што направил БИОЛОШКИОТ татко на Даниел- неможе да си поверува
Не се јавил ниту да им честита...
Свадбата на синот на Сузана Јовановиќ пред шест месеци беше главна тема во медиумите и со денови се пишуваше за снаата и наследникот на пејачката.
Данијел, кој е продуцент во телевизијата Гранд, се ожени со својата долгогодишна девојка Тијана и бројни познати личности се собраа на раскошната прослава одржана во еден од најлуксузните ресторани во Белград.
Иако свадбата на синот на Сузана Јовановиќ помина добро, Сузана во интервју за 24седам изјавила дека таа и нејзиното семејство биле повредени од одредени написи во весниците и открила дека тој ден воопшто не помислиле на биолошкиот татко на Даниел.
– Не, не, не се сетивме на него во ниту една секунда. Долги години немаме контакт со него. Ниту сега не се јави и верувам дека никогаш нема да се јави. За Даниел, Сале е татко, пријател и соработник и се што научил, научил од него. Сале го научи на вистинските вредности и се што има денес е благодарение на него. Тој е неговиот татко и повеќе од тоа. Меѓу нив има почит и љубов. Тој е дете од друг маж, но како што реков во неколку наврати – таткото не е тој што прави дете, туку тој што го воспитува и го води на вистинскиот пат и го прави маж – изјави Сузана.
Саша секогаш потенцираше дека не прави разлика меѓу Даниел и Александра.
‒ Сузана ми е најдобра другарка и десна рака. Се консултирам со неа за се. Кај нас живее и Даниел, нејзиниот син од првиот брак. Со нас е од осумгодишна возраст. Прво се запиша во средно политехничко училиште, но кога видовме дека не го интересира, го запишавме и го префрливме во музичко, а потоа во училиште за тонска режија. Добро му одат компјутери, миксети и звук. Тој фантастично свири на клавир и гитара, а секоја песна на „Ѕвездите на Гранд“ ја подготвува или тој или Жика Јакшиќ – изјави еднаш Саша Поповиќ.
‒ Даниел на почетокот беше малку збунет, но јас го третирав како вистински татко. Го сакав, како што тој мене, и го сметам за мое дете. Го сакам затоа што е добро, културно и воспитано момче, а најмногу ме фасцинираше неговата благодарност што така го прифатив. Никогаш не сум имал конфликт со него. Имав со Александра, но тој никогаш не ми даде причина за тоа. Секогаш прави се што барам од него, а јас морам да ја молам Александра за да ме слуша. Но, кога ќе рече: „Тато, донеси ми сок“, веќе по нејзиното прво предупредување станувам и и го носам, рече Поповиќ во една прилика.
Да потсетиме, Сузана Јовановиќ на 17-годишна возраст, се омажи за својот прв сопруг, хармоникаш, на кого му роди син Даниел, на 18-годишна возраст.
Сепак, оваа љубов не траеше, па Сузана се разведе само по седум месеци откако се породи и се врати во семејната куќа.
За време на овој краток брак, таа го роди синот Даниел, на кого нејзиниот втор сопруг Саша Поповиќ секогаш му беше како татко.
– Кога се разведовме јас и неговиот татко, тој имаше седум месеци, па затоа и не знаеше што се случува. Никогаш не сум рекла ништо против неговиот татко, верувам дека Бог ќе ни суди на сите еден ден и дека секој ќе го добие заслуженото во животот. Ја имавме таа среќа, или несреќа, што таткото на Даниел воопшто не праша за него. Дури кога Даниел започна основно училиште, неговиот татко се сети да се јави и да праша за здравјето на неговиот син. Од друга страна, Даниел исто така не праша никогаш за неговиот татко, тој едноставно не чувствуваше потреба. Мојот син и јас сме пријатели, тој знае дека секогаш може да смета на мене и на Саша- рече во една прилика Сузана за „Стил магазин“.
– Зборот очув звучи навистина застрашувачки, но во нашата семејна ситуација атмосферата е сосема поинаква. Сале има кажано за Даниел безброј пати дури и во негово присуство дека го чувствува како роден син.
-“Како да е мој син, жал ми е што не сум неговиот вистински татко”.
Саша неколку пати истакна дека е многу горд на него и работат заедно во студиото.
-Ако еден маж може да ве” купи ” во животот, тогаш тоа е кога тој ќе го прифати твоето дете од неговиот прв брак. Тоа беше подобро и од тоа да добиев седмица на лото.
Тој воопшто не ги дели Александра и Даниел.
-Обајцата се наши деца, рече Саша Поповиќ во една прилика.