Кафе муабет

Катче полно љубов и смеа: Ѕирнете во луксузниот дом на Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ (ФОТО)

Важат за еден од најскладните парови...

Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ заедно се повеќе од една деценија а во јавноста важат за еден од најхармоничните парови.

фото инстаграм/Иван Босиљчиќ

Кога се споменува хармоничен и успешен брак, многумина веднаш помислуваат на Јелена и Иван кои ја негуваат својата љубов од ден на ден и успеваат да останат заедно, среќни во овие брзи, модерни времиња.

фото инстаграм/Иван Босиљчиќ

Меѓутоа, бракот како таков има неколку предизвици, кои парот успешно ги надминува и се спротивставува на сите денешни проблеми. Круна на нивната љубов е нивната ќерка Нина, која расте од ден на ден, и е центар на светот за пејачката и актерот.

Фото Инстаграм/Иван Босиљчиќ

Кога беше донесена одлука станот во центарот на градот да се продаде и да се пресели во периферијата, домот на Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ стана куќата на Вождовац.

Фото Инстаграм/Иван Босиљчиќ

Пред неколку години луксузната двокатна куќа стана оаза на мирот за брачната двојка, а опкружена е со прекрасен двор со цветна градина и четинари, а убаво уредениот ентериер е за пофалба.

Фото Инстаграм/Иван Босиљчиќ

Многу љубов, труд и време е вложено во домот на Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ, поточно во неговата декорација, но бидејќи „куќата е јама без дно“, актерот и пејачката неодамна повторно мораа да почнат да ја уредуваат.

фото инстаграм/Иван Босиљчиќ

Станува збор за внатрешноста на имотот, ѕидовите и прозорците, кои поради големите обврски на поп-ѕвездата и актерот останаа без завеси и тапети. Штом најдоа слободно време, Иван и Јелена решија да се позанимаваат со тоа, а деталите за одлуката за тоа кои бои, дизајни и модели да ги изберат, ги споделија со своите следбеници на „Инстаграм“.

фото инстаграм/Иван Босиљчиќ

Неодамна, Јелена коментираше како гледа на бракот и како го гледа своето партнерство со Иван.

Фото Инстаграм/Иван Босиљчиќ

– Бракот е духовен подвиг и тоа е заеднички раст. Сопружниците растат како луѓе и како емотивни партнери. Имавме среќа да се сретнеме на време и да сфатиме дека сме еден за друг – изјави пејачката.
Таа, исто така, прозборе и за љубомората и откри дали е присутна во бракот.

Фото Инстаграм/Иван Босиљчиќ

– Мислам дека љубомората е негативна емоција, иако многумина мислат дека е показател за љубов, но кога сакаш некого, треба да му дозволиш да ги живее своите соништа, живот и да ужива во својата работа. Имам среќа што Иван ме поддржува и што имам слобода да го правам тоа што го сакам, па среќна сум кога неговите успеси се во прашање – додаде Јелена Томашевиќ.

фото Инстаграм/ Иван Босиљчиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close