Кафе муабет

Катарина Грујиќ објави убави вести- сподели фотографија од сопругот и го покажа она што многумина го очекуваа

Наскоро ќе се преселат во новиот стан...

Пејачката Катарина Грујиќ и фудбалерот Марко Гобељиќ конечно го завршуваат уредувањето на нивниот нов луксузен дом во Нов Белград од околу сто квадратни метри.

фото инстаграм/Катарина Грујиќ

Како што се пишуваше, Ката и Гобељ за овој имот платиле 600.000 евра. Станот се наоѓа во облакодер на луксузната населба во Нов Белград, а во него ќе живеат со ќерката Катја која ја добија во декември минатата година.

фото инстаграм/Катарина Грујиќ

„Нов дом“, се пофалила Ката, а особено ја импресионирала глетката во која ќе ужива секој ден.

фото инстаграм/Катарина Грујиќ

Да потсетиме, пејачката Катарина Грујиќ неодамна направи гоелма свадба со фудбалерот Марко Гобељиќ.

фото принтскрин

На свадбата присуствуваа околу петстотини гости.

фото принтскрин

За свадбата пејачката и фудбалерот сериозно го отвориле ќесето па на гостите им била послужена најскапата храна и пијалоци, како и торта од 15 ката, а невестата носеше венчаница од 20.000 евра.

фото принтскрин

За добрата забава се погрижи оркестарот на Аце Софронијевиќ.

фото инстаграм/Катарина Грујиќ

– На мојата свадба ќе биде половина од естрадата, па се надевам дека секој од нив ќе отпее барем по една песна – рече Ката непосредно пред свадбената прослава.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

-Ката на црквената церемонија ќе носи раскошна долга венчаница од албанскиот дизајнер Валдрин Сахити, која чини ни помалку ни повеќе, туку 20.000 евра! Со неа ќе носи специјално направена пунџа – открил извор близок до пејачката.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

– После тоа ќе облече друг фустан со различен крој. Ќе биде долг и тесен, а го потпишува Хусо Чорбиќ, нејзиниот долгогодишен дизајнер од Босна. Тој и направи и трет, секси и краток мини венчален фустан, кој ќе го носи за самиот крај на веселбата, откри тогаш извор близок до пејачката.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Прв одмор со ќеркичката

Катарина Грујиќ летово често престојува на црногорското приморје каде има закажани бројни настапи.

фото инстаграм/Катарина Грујиќ

И покрај тоа што е многу посветена на работата сепак има време и за одмор, па слободното време го поминува со сопругот и ќеркичката Катја.

фото инстаграм/Катарина Грујиќ

Мајчинството и брачниот живот очигледно одлично и прилегаат бидејќи Ката се пофали со завидна фигура, но најмногу внимание несомнено привлекува ќерката на Катарина Грујиќ и Марко Гобељиќ.

фото инстаграм/Катарина Грујиќ

Мама и нејзиното седуммесечно бебе го користат секој момент на најубав можен начин, а покрај уживањето во сонцето и другите активности, времето го поминуваат и во вечерни прошетки.

фото инстаграм/Катарина Грујиќ

Пејачката неодамна објави фотографија на која позира покрај базенот со нејзината наследничка во раце.

Ката беше облечена во цветен мини фустан, а Катја ја дотера како вистинска принцеза во слатко фустанче и стегаче со голема машна.

фото инстаграм/Катарина Грујиќ

– Мојот свет – напиша Ката во описот на оваа фотографија а многумина коментараа дека Катја е како кукла.

фото инстаграм/Катарина Грујиќ

„Се здебелив некои 14 килограми во бременоста, што мислам дека е сосема нормално, жената колку и да се здебели во бременоста е нормално. Што и да јадеш, треба да јадеш. Така функционирав, но јас сум некој кој сака да се храни здраво, не ми беше тешко да ослабам, бидејќи рано почнав да тренирам“, изјави претходно Катарина.

фото инстаграм/Катарина Грујиќ

Катарина Грујиќ првиот настап го имаше само три месеци по породувањето.

фото инстаграм/Катарина Грујиќ

Таа во една прилика истакна дека мајчинството ја променило на подобро и дека заедно и рамноправно со сопругот Марко Гобељиќ ја одгледува ќерката Катја.

фото инстаграм/Катарина Грујиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close