Дом и семејство

Карлеуша призна: Пејачката се плаши од адвокатот на Душко- “Ми се заканува”!

Не сака да коментира повеќе за сопругот...

Уште на почетокот на годината главна тема во медиумите беше разводот на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ а сега за прв пат поп-дивата откри пред медиумите зошто се плаши од нејзиниот се уште венчан сопруг и каква забрана добила по објавата за развод.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Пејачката одржа прес-конференција во Белград каде одговараше на многу новинарски прашања, а откри пикантни детали за врската со Душко Тошиќ.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Познато е дека го оставила приватниот живот настрана што се однесува до медиумите и дека по инцидентот што се случи на Божиќ, не кажала ништо негативно за нејзиниот сопруг.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

– Не знам зошто сите се заинтересирани за мојот однос со Душк. Семејството е заедно, тој генерално мисли дека не треба да зборувам за него во медиумите и само се плашам од неговиот адвокат сега. Последен пат кога го направив тоа, веднаш ми се јави неговиот адвокат и ми се закани – изјавила Јелена.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Се уште не се разведени!

Јелена Карлеуша често истакнуваше дека сè што јавноста знае за неа всушност не е вистина. Дека приватно е многу поинаква, понежна и како што самата вели „досадна личност“.

Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Поп дивата во едно емотивно интервју откри детали за себе кои малкумина ги знаеле, спомнувајќи го нејзиниот сопруг Душко Тошиќ.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

-Кога реков дека мажот мора да е лажен, мислев дека никогаш не смее да ги покажува своите вистински бои, своето вистинско лице. Моето вистинско лице е сето она за што јавноста на Балканот не ни сонува. Никој навистина не ме познава. Единствената што ме познаваше беше мајка ми, можеби моите деца, а не мојот сопруг. Јас, всушност, сум измамник на шоубизот. Бидејќи сè што мислат луѓето за мене, не е така. Извртена слика на жена која мораше да биде пет пати подобра од сите други за да има шанса воопшто. И тогаш се претвора во трка со самата себе, опсесија со его. Сликата што беше испратена за мене не е добра – искрена беше Јелена.

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

– Ниту еден човек никогаш не ме заштитил, вклучително и мојот. Секогаш ме навредуваа, ме понижуваа, а никој не помисли да ме брани како жена. Одбрана доживеав само од жени. И благодарам за тоа. Како општество ја нагласуваме борбата против насилството врз жените. Па зошто тоа не се применува кога се работи и за мене – рече Јелена и додаде:

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

– Кој ќе го преживее тоа што го преживеав јас, веќе не чувствува болка, удари, понижување, или тага… Чувствува само желба да преживее и многу често за одмазда, за жал – искрена беше Јелена.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Иако до сега медиумите неколку пати пишуваа за нејзиното напуштање на семејниот дом, сепак Карлеуша јасно кажа дека таа и нејзиниот сопруг живеат под ист покрив, но дека не сака да каже ништо повеќе на оваа тема, за да не дојде до ситуација неговиот адвокат да дава разни изјави.

Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Она што е сигурно е дека Душко ќе и замери на неговата се уште официјална сопруга, Јелена, поради реалното шоу.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Поп дивата откри дека подготвува нешто необично, во нејзин стил, а овој проект бара многу труд и пожртвуваност, па со оглед на тоа што албумот се уште не е готов, реалното шоу на Карлеуша засега ќе почека.

Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Таа потврди дека доаѓа нешто големо, коментирајќи дека ќе ги уништи сите други слични проекти.

Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

-Ќе направам емисија која ќе биде многу гледана каде и да се емитува, погледана, отколку, на пример, „Ѕвездите на Гранд“, сигурна сум – искоментирала Јелена во свој стил и ги оставила обожавателите со нетрпение да ги очекуваат нејзините нови деловни потфати.

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша
фото инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close