Кафе муабет
Карлеуша повеќе не крие- реши да проговори за врската со сопругот Душко Тошиќ!
Се е во ред со нив...
Јелена Карлеуша пред неколку дена се врати од Копаоник каде што настапи на музичкиот фестивал „Недела на музиката“.
Како што објаснија организаторите нејзиниот настап бил еден од најпосетуваните досега, а пејачката ги сподели своите впечатоци од Копаоник со новинарите.
Еден од новинарите ја праша за нејзината врска со сопругот Душко Тошиќ.
– Со Душко секогаш се беше во ред. Дали нешто не беше во ред со него? Мислам, секогаш сум го велела тоа, но сега имам потврда. Неодамна сите го видовте на мојот профил на Инстаграм – кратко изјавила Карлеуша за српските медиуми.
Дадоа уште една шанса на љубовта…
Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ изминатиов период беа во центарот на вниманието, а по разни шпекулации беше откриено каде живее фудбалскиот менаџер.
Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, по турбулентниот период и конфликт што се случи за Божиќ, успеаја да најдат заеднички јазик и, веројатно, да и дадат уште една шанса на нарушената врска.
Многумина посакаа крај на нивната љубовна приказна која трае цели 13 години, а сега конечно е откриено дали се се вратило во нормала.
Судејќи по фактот дека Јелена за Денот на вљубените на социјалните мрежи се пофали со розите кои ги добила, а многумина тоа го протолкуваа како гест на нејзиниот сопруг најверојатно парот е повторно заедно.
Исто така, откако му истече забраната на Душко за приближување кон сопругата, која траеше еден месец и по враќањето од Турција, екипата на емисијата „Папарацо лов“ „улови“ каде се движи поранешниот фудбалер и дали живее со сопругата и нивните ќерките Атина и Ника..
Имено, камерите на споменатата емисија го снимиле Душко пред семејниот дом како влегува во гаражата вечерта, а од тоа произлегува заклучокот дека тој се уште живее со сопругата Јелена Карлеуша.
Веќе нема сомнеж дека парот решил да поработи на несогласувањата, а Душко се вратил дома кај сопругата Јелена.