Кафе муабет
Карлеуша изненади со оваа креација на роденденската забава на нејзините ќерки- сите се прашуваат што се случува со неа!?
Носеше пристоен бел фустан...
Јелена Карлеуша во бел фустан со пердуви ги прослави родендените на ќерките Атина и Ника во Виена.
Јелена на својот Инстаграм објави фотографии од роденденската вечер од ресторан каде што може да се видат роденденските девојки, нејзината тетка Данијела и нејзиниот колега и пријател Зоран Бирташевиќ.
View this post on Instagram
Своите следбеници ги воодушеви со својот аутфит, елегантен долг бел фустан на едно рамо украсен со пердуви.
Јелена е позната по провокативните и оскудни изданија, а мора да признаеме дека совршено изгледа во гламурозни фустани како овој.
Фустанот го искомбинирала со златни сандали и чанта, а косата ја врзала во ниска залижана пунџа.
Многумина беа изненадени од овој избор на поп дивата со оглед на тоа што сме навикнати да ја гледаме во минијатурни парчиња кои ги истакнуваат нејзините облини.
Овој фустан го направи токму спротивното и суптилно го истакна нејзиното совршено тело.
Се разведува од Душко!
Инаку Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ изминатиов период беа во центарот на вниманието поради веста дека се разведуваат по 14 години брак а неодамна пејачката изнесе детали од приватниот живот – се наврати на разводот со фудбалерот Душко Тошиќ.
На прашањето дали таа и поранешниот фудбалер поднеле документи за развод, пејачката одговори – не.
– Не сме. Нека пишуваат што сакаат и кој што сака, исто како порано. Мене тоа ме погодува исто како кога комарец ќе касне слон. Никому ништо нема да објаснувам – изјави таа за новиот број на магазинот „Стори“.
На прашањето дали сама себе си рекла дека претерува кога го објавила соопштението за разводот, таа одговорила:
– Не претерав. Треба да научите да бидете паметни. Немам повеќе години за губење. Или-или сето тоа е во мојот живот од сега па натаму. Немам повеќе толеранција. Таа беше изгубена во овие 44 години маки. Како и да е, нема повеќе да зборувам за Душко. Кога ќе заслужи нешто убаво ќе го споменам. Дотогаш прашајте ме за љубовта кон животните – вели Јелена која прозборе за Атина и Ника и објасни дека дошол период кој е тежок за секој родител:
– Наскоро полнат 13 и 14 години, а периодот никогаш не бил потежок за нив и за мене. Се борам најдобро што знам со две девојчиња во пубертет кои многу пристојно го поднесуваат притисокот на славата на нивната мајка. Ситуацијата дома е потешка и по стресна, славата е помал проблем. Се борам како лав да ги заштитам и зајакнам, рече Јелена за магазинот Стори.
– Јас и Душко се договоривме заемно да го прекинеме нашиот брак по 14 години. За жал, Душко повеќе не се гледа себеси како дел од нашето семејство. Техничките правни работи ќе се решаваат со договор во наредниот период, напиша Карлеуша во својата објава на Инстаграм.