Кафе муабет
Карлеуша збесна па одовори на прашањата за Душко: Не сум разведена- сега се е јасно
Се појави на прослава кај Милица Павловиќ...
Пејачката Милица Павловиќ по повод својот 31 роденден приреди гала забава, а меѓу првите пристигна Јелена Карлеуша.
Карлеуша била расположена за разговор со медиумите па истакна дека се уште не е разведена, а потоа зборуваше и за новиот албум.
– Се уште ништо не сум и посакала на Милица, сега ќе и посакам. Оваа година е годината кога нејзините соништа се остварија. Мојот роденден доаѓа наскоро, нема да славам оваа година. Малку сум уморна од подготовките за новиот албум. Наскоро издавам албум. По албумот следи крајот на светот. Се надевам дека после албумот ќе има голема турнеја. Сметам дека ова е најдобриот албум во мојата кариера.
– Се уште не сме официјално разделени, но во процес сме, одлучно одговори таа.
Кога новинарката ја праша за водителката Јована Јеремиќ која најави дека ќе ја врати Јелена во ТВ Пинк, Карлеуша рекла:
-Враќањето нема да се случи бидејќи не им простувам на оние кои забрануваат пејачи и музика од лични причини.
Инаку, Карлеуша се појави во син фустан кој беше проѕирен и повеќе откриваше отколку што покриваше.
Милица Павловиќ го прослави својот 31 роденден со пријателите и колегите во ресторан во Белград како што доликува на ѕвезда од нејзиниот калибар.
Забавата за која ќе се зборува со денови, започна околу деветнаесет часот а атрактивната роденденска девојка гордо ги пречекуваше гостите а забавата траеше до доцна во ноќта.
Не изостана и раскошната декорација на масите и на подиумот. Сопственичката на хит албумот „Посесивна“ се потрудила да им ја направи што поубава околината на своите гости, на кои им приредила и изненадување во вид на храна и ексклузивни пијалоци.
View this post on Instagram
Таа и самата доживеала изненадување кога персоналот и доставил огромен букет рози со картичка. Се претпоставува дека е подарок од новиот избраник на Милица, која како и претходните реши да ги крие од медиумите.
Во текот на ноќта Павловиќ доби низа прекрасни подароци од драги пријатели.
Со некои од нив се дружела речиси цел живот, некои ги запознала во текот на кариерата, но неизмерно ги сака и ги почитува и со задоволство го прославува влегувањето во четвртата деценија со нив.