Дом и семејство
Како убавата Србинка стана една од најбогатите жени во регионот: Се омажи за шеик, роди четири деца- Јелена ги руши митовите за лажен гламур и морал!
Таа е скромна и присебна...
Иако неодамна се врати во фокусот на јавноста, убавата србинка Јелена Бин Драи, инаку поранешна мис на Југославија, има голем успех зад себе.
Нејзиниот луксузен живот привлече многу внимание а оние љубопитните постојано сакаат да ѕирнат во гламурот во кој живее, но иако го живее сонот на многу жени, Јелена е многу приземна и скромна личност.
Според некои нејзини фотографии на Инстаграм, никогаш не би погодиле дека е мажена за шеик со кој има четири деца и дека живее во Дубаи.
Манекенката, модна дизајнерка, успешна деловна жена која е на чело на неколку компании често ја промовира природната убавина а тоа го покажуваат нејзините селфи фотографии без шминка кои ги споделува на социјалните мрежи.
Нејзина желба, како што вели, е да им укаже на жените дека можат се, но дека не мораат, меѓу другото мислејќи на жените кои се одлучуваат за филери и фотошоп.
– Кога се образувате, ги воспитувате и вашите деца. Ниту една девојка од насловната не изгледа како девојката од насловната, напиша Јелена споделувајќи фотографии на кои е нашминкана и без грам шминка.
Некогашната најубава жена на Југославија не сака естетски зафати. Тврди дека ги сака брчките кои ги има и дека сака достоинствено да остаре. Користи квалитетни креми, се храни здраво, се труди доволно да спие, а за нејзиниот изглед е заслужна генетиката и добриот сопруг.
Родена на 16 мај 1979 година во градот Жабаљ кај Нови Сад, Јелена студирала архитектура а Магистрирала економски науки.
Таа испиша историја освојувајќи три од пет титули на еден натпревар. Истата година таа не се пласираше на светскиот натпревар.
Започнала да соработува со големи модни агенции, патувала низ светот и накратко живеела во Италија. Пред 20 години отиде во Дубаи како еден од првите супермодели во регионот.
Во 2009 година, Јелена беше прогласена за деловна жена на годината. Сопственичка е на голем ланец на центри за убавина и спа центри, се занимава и со мода и хуманитарна работа, а во 2013 година е номинирана за жена претприемач на годината на Блискиот Исток.
Нејзините салони по втор пат беа номинирани за најдобри во списанието What’s on. На островот Палма отворила поликлиника и градинка наменети за луѓето од високата класа кои живеат таму.
Во 2003 година, Јелена го запознала арапскиот бизнисмен Саид Бин Драи, чие богатство се проценува на две милијарди долари. По пет години двајцата се венчаа во Дубаи, а на венчавката присуствуваа околу 300 гости.
Во 2010 година, Јелена и Саид ја добија ќерката Асја, следната година, синот Хилал, а во 2013 година синот Хамдан. Јелена во јули годинава го роди и синот Рашид.
Интересно е што нивните имиња имаат посебно значење: според Куранот, Асија била сопруга на фараонот и првата жена што влегла во рајот, Хилал значи млада месечина, а Хамдан е милостив, додека Рашид значи православен, разумен.
Јелена вели дека еден типичен ден за неа изгледа како и на секоја мајка, наутро да ги носи децата на училиште и во градинка, извршува по еден час деловни обврски во секоја компанија што ја поседува: градинка, салон за убавина, клиника, салон што го носи нејзиното име и бар. Потоа ги зема децата, оди дома, се одмора малку, си игра со децата, плива, чита, гледа телевизија, оди на социјални настани или излегува со нејзиниот сопруг. Таа исто така вели дека воспитувањето на нејзините деца било многу лесно со тоа што имала дадилка дома и дека откако таа дошла во нејзиниот дом, успеала да си го врати нормалниот ритам на живот.