Uncategorized
Како од бајките: Софија Милошевиќ и Лука го опремија катчето на синот- во овој детал гледаат сите
Софија се пофали со лулката која ја купија за второто синче...
Манекенката Софија Милошевиќ и фудбалерот Лука Јовиќ неодамна добија уште еден син, кој го нарекоа Теодор, а сега убавата русокоса покажа како изгледа катчето кое специјално го опремиле за него.
Имено, манекенката на својот Инстаграм профил се пофали со лулката во која спие синчето Теодор, а многумина биле воодушевени од изборот.
Софија освен што ја покажа лулката во сини и беж тонови, им се пожали на своите сопатници дека во последно време не спие многу, што и било очекувано, бидејќи нејзиниот син има само неколку дена.
– На кој друг му треба добар сон – напишала Софија на фотографијата и насмеа многу свои обожаватели.
-Се уште доаѓаме на себе, но најважно е дека јас и бебето сме добро и се помина во најдобар ред. Јас и Лука сме пресреќни што родив уште едно прекрасно и здраво момче и што по втор пат се реализирав во улогата на мајка. Не успевам да одговорам на сите пораки и честитки, се трудам да уживам во моментот, но благодарна сум за сета поддршка што ја добивме – истакна манекенката по породувањето.
Софија се породи во Мадрид, а како што објавија медиумите бебето се вика Теодор.
Таа и Лука веќе го имаат синот Алексеј, а манекенката истакнува дека би сакала да има девојче.
Лука Јовиќ не беше со Софија за време на породувањето бидејќи имаше пријателски натпревар во Данска со репрезентацијата. Веднаш по натпреварот, фудбалерот отпатува за главниот град на Шпанија.
Како што еднаш изјави Лука, тој и Софија планираат свадба во Белград и сакаат големо семејство.
За потсетување, Софија ја поврзуваа со сопругот на Јелена Карлеуша, Душко Тошиќ.
Имено во медиумите на големо се пишуваше дека тој и го простил неверството на Карлеуша со Огњен Вранеш токму поради неговата афера со Софија Милошевиќ која воедно е и многу добра пријателка на Карлеуша.
Ваквите вести за наводната врска со Душко, Софија ги демантираше…