Кафе муабет

КАКО ЛИ ЌЕ ЗАВРШИ ЦЕЛАТА ДРАМА: На Душко Тошиќ му истече забраната за приближување на Јелена Карлеуша!

Чекаат повторна средба...

Денеска истече забраната на Душко Тошиќ со која не смееше да и се приближува на сопругата Јелена Карлеуша која го пријавила за семејно насилство за Божиќ.

фото нстаграм/Душко Тошиќ

Душко прво доби забрана од 48 часа, а потоа Првото основно јавно обвинителство во Белград предложи забраната да биде продолжена за 30 дена.

Фото Инстаграм/ Душко Тошиќ

Според „Курир“, судот го прифатил предлогот за истекување на забраната за пристап, а сега се чека извештајот на Центарот за социјална работа и изјавата на оштетената.

Фото Инстаграм /Душко Тошиќ

Имено, Карлеуша тогаш го пријавила Душко бидејќи фудбалерот наводно и удрил шлаканица и ја плукнал во лице, а тој тоа во својата изјава го демантираше.

Фото Инстаграм/ Кatarinatp81

Да потсетиме, полицијата по пријавата на пејачката отишла во нејзиниот дом, а таа одбила да оди на преглед во здравствената установа и одбила да оди во полициска станица да даде изјава.

Фото Инстаграм /Душко Тошиќ

Наведената мерка на Тошиќ му е изречена согласно Законот за спречување на семејно насилство.

Фото Инстаграм /Душко Тошиќ

-Почитувани следбеници, пријатели и членови на медиумите. Обично не сакам вака да се обраќам бидејќи сметам дека моето име, лик и дело треба да се поврзани исклучиво со спортската приказна и добрите хуманитарни дела. Го следев она што повеќето медиуми го објавуваат последниве денови и затоа сум принуден да се огласам на овој начин. Како што знаете и гледате, секаде ме прикажуваат како насилник и во секој наслов сум негативна страна. Јас сум првиот од оние кои не поддржуваат насилство и никогаш не сум го употребил. Затоа сакав да знаете дека воопшто не се пронаоѓам во тие наслови на весниците! Луѓето кои ме познаваат знаат дека сум човек кој секогаш се труди да биде џентлмен каде и да е и што и да прави. Затоа би сакал да знаете дека овој пат ќе останам доследен на себе, ќе игнорирам измислици и ќе чекам да помине овој ветер против мене, изјави Душко по скандалот.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Инаку пред неколку дена Јелена Карлеуша се врати од Дубаи и прво го посетила гробот на нејзината мајка Дивна. Во вилата на Дедиње со ќерките Атина и Ника се вратила на вообичаениот животен тек, чекајќи да заврши забраната за приближување, која му беше изречена на Душко Тошиќ по немилиот настан на Божиќ.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Додека се наближуваше обединувањето и конечното решавање на конфликтот на парот, Душко Тошиќ деновите ги поминува во Турција комбинирајќи го убавото и корисното.

Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Душко пред неколку дена замина на работа во Истанбул, бидејќи сега е посветен на кариерата како фудбалски менаџер, а кога ќе му престанат работните обврски, време е за забава. Овој пат на задното седиште во лимузината, на изненадување на многумина, Душко беше фатен со српскиот репрезентативец Урош Шпајиќ, каде разговараа за потпишување на договорот со клубот Касимпаша.

фото инстаграм/Душко Тошиќ

Се зборуваше дека е во врска со Софија Сашиќ!

По семејниот скандал во вилата на Душко и Јелена веста дека наводно Софија и 15 години постариот Душко одржуваат тајна врска веќе неколку месеци, па дури за тоа дознала и неговата сопруга.
Наводно Софија и Душко одржуваат тајна врска веќе неколку месеци.

фото Инстаграм/Софија Сашиќ

– Софија уште од мала е навикната на удобен живот. Сака патувања, брендирана облека, оди на популарни места и иако е многу млада, живее на висока нога. Сите момци досега биле ситуирани и и обезбедиле животот каков што сака – рекол изворот за „Ало!“ на самиот почеток и открил како настанала емотивната врска меѓу Душко и Софија.

фото Инстаграм/Софија Сашиќ

Мајката на Софија, Соња долги години е пријателка со сопругата на Душко. Тие двајца во неколку наврати се најдоа во исто друштво и потоа си се допаднаа. Секако, Софија знаела дека тој е оженет, па не сакала лесно да влегува во врска со него. Душко е 15 години постар, оженет, има две деца… – вели изворот.

фото Инстаграм/Софија Сашиќ

– Сепак, тој и тврдеше дека бракот му е на стаклени нозе, ја опсипал со внимание и таа решила да му даде шанса. И двајцата многу патуваат, па контактите најчесто ги одржуваат во странство каде не мора да се кријат таму. Заедно се неколку месеци, нивните најблиски пријатели се запознаени со целата ситуација и им помагаат да се гледаат што почесто, без да предизвикаат сомнеж. Најчесто се во некој од неговите станови – објаснил соговорникот, и открил дека сопругата на Душко дознала за оваа афера.

фото Инстаграм/Софија Сашиќ

– Неговата сопруга дознала дека Душко и Софија се во шема. Веднаш ја избриша од Инстаграм својата поранешна пријателка Соња и го прекина секој контакт со неа – заклучи соговорникот.

На овие гласини Софја одговори:

фото Инстаграм/Софија Сашиќ

– Сите тужби се поднесени, така што нема потреба од дополнителен коментар. Ако сакате да напишете нешто за мене, мојата работа и брендот, јас сум секогаш тука – истакна накратко Софија.
Инаку, Софија, како и нејзината мајка Соња, продава облека, а има и свој бренд. Таа е многу популарна на социјалните мрежи и често објавува фотографии од егзотични дестинации, што ги гледаат 130.000 луѓе кои ја следат на Инстаграм.

фото Инстаграм/Софија Сашиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close