Брак
Како дете го мачкале со крем од кавијар!Еве како Меланија го чува својот син единец
Ви донесуваме 5 интересни факти за него, кои не сте ги знаеле досега:
Баронот Вилијам Трамп е можеби најмалку познатото дете од петте деца на американскиот претседател Доналд Трамп. Ви донесуваме 5 интересни факти за него, кои не сте ги знаеле досега:
Роден е на 20 март 2006 година, што значи дека претседателот на Соединетите држави имал околу 60 години кога се роди малиот Барон.
Барон е многу висок за неговата возраст. На 14-годишна возраст тој е веќе беше повисок од неговиот татко Доналд Трамп, висок 190 см. Меланија во неколку наврати рече дека нејзиниот син обожава спорт, па неговата кошаркарска кариера изгледа е успешана.
Тој е првото момче што живеело во Белата куќа.Бил Клинтон и Барак Обама имаа ќерки, па Барон е првото момче кое порасна во Белата куќа по Џон Кенеди r.униор.
Тој е исклучително паметен
Меланија Трамп секогаш се грижела сама за својот син, па затоа не бил оставен на дадилките. Таа го научи да зборува словенечки течно, за да може да комуницира со бабите и дедовците по мајка. Учи во престижното училиште Свети Андреј и се шпекулира дека зборува и руски јазик.
Како бебе, тој имал посебен третман
Во едно интервју, Меланија призна дека го мачкала своето дете со крем од кавијар кога тој бил бебе. Само најдоброто за Баронот.
Додека живееја во Њујорк, целиот еден кат беше само на Барон.
Таа е поранешна манекенка и една од најинтригантните први дами на Америка
Но токму поради тоа многумина се интересираат за нејзиниот живот, а тоа ја вклучува и нејзината диета и начинот на кој ја одржува својата линија. Од досегашните интервјуа, односно од ретките прилики кога зборува за себе, за навиките и за начинот на кој што живее, ги издвоивме најважните три правила во нејзината исхрана. Интересно е што првата дама секогаш појадува исто, според што можеме да заклучиме дека таа е дисциплинирана жена што во основа е и главатата причина поради која што и на 47 години изгледа феноменално.
Секој ден го започнува со иста храна
И покрај тоа што е поприлично зафатена, Меланија секогаш одвојува доволно време за појадок кој МОРА да биде здрав. Пред неколку години таа за магазинот GQ откри дека денот обично го започнува со овесна каша која е позната по високо количество влакна и смути сок направен од неколку состојки кои се полни со витамини.
Секој ден јаде одреден број овошје
Се прашувате како Словенката ја одржува својата линија витка, а кожата сјајна? Па таа во нејзината храна секојдневно внесува овошје кое е богато со антиоксиданси. Во едно интервју откри дека нејзина цел е секој ден да изеде најмалку седум овошки.
Не им верува на лошите диети, туку на здравата исхрана
На Меланија и е многу важно во текот на денот да внесува доволно вода во организмот, како би останала хидрирана, а никогаш не консумира мрсна и калорична храна.
Откако го роди синот Барон и се ослободи од килограмите добиени за време на бременоста, призна дека здравата храна и вежбање пилатес, и тоа два-три пати во неделата, најмногу и помогнале да ја одржи својата витка линија.