Кафе муабет
Како да се близначки: Погледнете како изгледа сестрата на Тања Савиќ- таа е најголема поддршка на пејачката!
Тие се неразделни...
Познатата пејачка Тања Савиќ има сестра Билјана која живее сосема поинаков живот.
Имено таа е најголема поддршка на пејачката која не испушта прилика а да не и се заблагодари што е покрај неа во најтешките моменти.
Билјана води затскриен живот и од неодамна повторно живее со Тања и нејзините синови во Смедерево, а пејачката одвреме-навреме споделува заедничко видео или слика.
Тања и Билјана изгледаат многу слично, па не ретко се случува фановите на пејачката да се збунат, додека музичката ѕвезда повеќе пати изјавила дека нејзината сестра е најголемата поддршка во животот.
– Моја среќа, моја радост. Мојата најголема поддршка. Сестра – напиша еднаш Тања на социјалните мрежи.
Да потсетиме, Тања неодамна призна дека ја раскинала врската со градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ.
– Плачев во прегратките на сестра ми на полноќ бидејќи се сетив како ја дочекавме минатата година сами во мојот стан. Децата тогаш не беа со мене и ми беше многу тешко. Овој пат плачев од среќа што тоа го оставив зад себе, а сега повторно сме сите заедно – изјави Тања, која научи многу од годината зад нас, па очекува оваа да и биде поудобна.
– Да сме живи и здрави, се ќе дојдеше полека. Претходната година ме научи дека треба да се има контакт со лоши луѓе за да се види кои сме навистина. Не можеме да се спознаеме себеси ако некој не нè згази. Дури тогаш, ако се кренеме после тоа, знаеме кои сме. Од се што ми се случува некако извлеков многу убави работи – изјави Тања.
Во продолжение уште неколку фотографии од Тања и нејзината најголема поддршка, сестрата Билјана…