MAMA

И покрај тоа што се слепи, тие успеаја да станат родители на две прекрасни деца

Осудувањето од околината не ги спречи овие луѓе да се успешни во најважната животна улога

Двојката која и покрај својата физичка попреченост успеа да го остави сонот

ФОТО: Принтскрин/Среќното семејство на Бриџит Куеннинг

Двојка-двајцата слепи, се отворија за тоа како ги воспитуваат и одгледуваат своите две мали деца без да гледаат, објаснувајќи дека создале „невизуелни начини“ за да ја „обезбедат безбедноста на своите деца“- и покрај реакциите од околината кои ја доведуваат во прашање нивната „способност за родителство“.

ФОТО: Принтскрин/Бриџит Куеннинг како писателка

Бриџит Куеннинг-Поллпетер, 41 годишна писателка од Омаха, Небраска, го изгубила видот во своите рани 20-ти години, кога добила вирусна инфекција. И покрај својата попреченост во однос на видот, научила како да живее со својата попреченост , и не дозволила истата да и биде пречка во остварувањето на нејзиниот најголем сон, да стане мајка.

ФОТО: Принтскрин/Бриџит Куеннинг и Рос Мајкл на денот на нивната свадба

Таа се омажила за својот сопруг, Рос Мајкл ( 41 година), кој исто така е слеп, во 2006 та година, и тие двајца добиле два сина Деклан (10 години) и Данкан (5 години), после 2 години брак.

Тие биле свесни дека одгледувањето деца има многу потешкотии , посебно во нивниот случај. Од таа причина парот смислил повеќе методи за да можат да ги следат децата и сите нивни движења- како ставање звоно на нивните глуждови или употреба на детски ремен.

ФОТО: Принтскрин/Таткото Рос Мајкл со синовите Деклан и Данкан

Бриџит објаснила дека го користи слухот за да се осигура дека Данкан и Деклан се сигурни, објаснувајќи дека , кога и да слушне звук кој е невообичен и преставува аларм дека нешто може да не е во ред. Исто така на секои 10 минути прави „физичка и вербална“ проверка на своите деца.

ФОТО: Принскрин/ Среќната мајка Бриџит со еден од синовите

Таа призна дека нејзините момчиња се како „итри лисици“ и често знаат да се искрадуваат од истата причина што и тие знаат дека нивните родители не можат да ги видат. Додаде дека е свесна дека тие мора да работат многу повеќе од нормални родители, но сепак не жали за ништо од вложеното до сега.

ФОТО: Принтскрин/ Синот Деклан

-Родителството е предизвик. Родителството со попреченост е без исклучок посебен предизвик. Ние во ниеден момент не можеме да бидеме мирни и опуштени како други родители. Дури и сега кога се повозрасни, јас имам две мали итри лисици, на кои им треба надзор, кој јас не можам да го направам визулено- велиоваа храбра и извонредна мајка.

 

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close