Дом и семејство
И здосади повеќе да глуми: Пријовиќ го покажа вистинското лице- еве како се согласува со Брена, ОВА Е ВИСТИНАТА!
И честиташе роденден ради реда...
Речиси не поминува ден, а конфликтот меѓу Александра Пријовиќ и Лепа Брена да не биде тема во медиумите.
Од првиот момент кога младата пејачка зачекори во домот на Живојиновиќ, меѓу снаата и свекрвата се роди посебна врска, многу интересна за јавноста.
Се зборуваше и пишуваше дали Брена ја прифатила Пријовиќ и што мисли за изборот на нејзиниот посинок, и синот на Боба од првиот брак, додека во исто време насловните страници на таблоидите ги красеа изјавите на Александра за најголемата балканска ѕвезда.
Додека двете зборуваа се најдобро една за друга пред медиумите, јавноста се сомневаше дека тоа е вистина, а секој потег на двете популарни пејачки различно се толкуваше.
Новата објава на сопругата на Филип Живојиновиќ по повод роденденот на Брена повторно ги разгори гласините за конфликтот меѓу Александра Пријовиќ и Лепа Брена.
Имено, Прија објави фотографија на која позира со Брена со кратка честитка и емотикон, која многумина ја коментираа како тоа да го направила само колку да помине редот. Набргу откако Брена ја сподели споменатата објава на својот „Инстаграм“ профил, прекинаа шпекулациите, а заклучокот е дека нема конфликт меѓу пејачките.
Тоа го потврди она што Брена одамна го кажа, а тоа е дека тие две немаат врска на снаа и свекрва, туку дека негуваат пријателски однос.
Инаку Лепа Брена замина на американска турнеја и објави фотографија со сопругот Боба Живојиновиќ и се означи на Флорида.
Пејачката со насмевка позираше со сопругот додека седеа во ресторан и наздравија со чаша вино по повод нејзиниот 62-ри роденден.
На роденденската честитка се придружи и пејачката Сања Ѓорѓевиќ, која објави фотографија со Брена од нивниот одмор, каде се во костими за капење.
– Посакувам овие долги нозе да го обиколат светот уште безброј пати. Шетај гордо како порано – напиша Сања на Инстаграм.
Инаку, како што истакнува Брена, не ги сака своите родендени.
-Ако некој е реален и свесен за поминувањето на времето, како мене, ќе ужива во се. Имам причина да уживам, бидејќи сум свесна за се што сум постигнала и имам прекрасно семејство. Сè уште размислувам реално и рационално за животот и уживам во постигнувањата и целите што си ги поставив.
Среќна сум кога моите деца ги реализираат своите цели и кога сè оди по својот нормален тек. Среќна сум кога Боба и јас имаме свои планови. Работам, а потоа има и причина да се радувам на годишниот одмор. Инаку, јас не сум љубител на сопствените родендени, повеќе сакам туѓи и детски родендени. Единственото место каде што сакам да бидам во центарот на вниманието се моите концерти, се друго ми е премногу. Затоа сакам моите прослави да бидат што е можно помирни, без помпа и лудило. Не ми треба повеќе. Затоа овој роденден го славам со Боба со убав ручек и фантастично вино. Добро ми стојат годините, среќна сум – изјави Брена за Story.