Кафе муабет
И во лето и во зима знае како да ужива – ПЕЈАЧКАТА ИРЕНА СПАСОВСКА СЕ ОПУШТА ВО СПА ЦЕНТАР
Пејачката знае да ужива...
Секогаш интересна за јавноста, знае како да привлече вниманието на публиката. Освен со богата музичка кариера, пејачката Ирена Спасовска може да се пофали и со одличен и бескрпекорен изглед.
Нејзините почетоци се заедно со Горан и Адријана Алачки. Триото кое редеше успеси во периодот од 1987 до 1994 годин додека постоеше.
Настапуваа на сите фестивали и манифестации во Македонија во тој период. Беа познати по песните: „Денес свадба се прави“, „Доста ми се твоите лаги“, „Ова е приказна стара“ во која триото го придружуваше и Ферус Мустафов.
Ирена е доста активна на социјалните мрежи и скоро не поминува ден, да не сподели некаква објава.
За да се одржи во добра форма, пејачката редовно вежба во теретана со личен тренер, внимава на изгледот, вегетаријанец е и се храни здраво.
– Мора да се следат светските трендови, ние не сме продавачки на цвеќиња, ниту продавачки во супермаркет и нормално дека од нас се очекува да има некоја попровокативна фотографија со која не само што ќе се привлече вниманието туку и ќе се истакне тоа што е убаво кај жената – истакна во едно свое интервју пејачката.
Македонската фолк пејачка Ирена Спасовска ужива во секој ден од животот, а доказ за тоа се фотографиите и видеата на нејзините социјални мрежи.
Неодамна, пејачката објави фотографии како ужива и одмара во нашиот бисер – Охрид.
Таа одмарај покрај езеро, а ужива и во познатиот соа центар во еден од охридските хотели.
Пејачката дефинитивно знае како да ужива и како да го искористи секој нов ден.
Вистински хедонист!