Кафе муабет
ИСПЛИВАА НОВИ ДЕТАЛИ: Гога побарала помош од Марина Туцаковиќ? ОВА Е ПРИЧИНАТА ЗА РАЗВОД ПО 6 ГОДИНИ!
Потврди дека се разведува...
Во медиумите како бомба одекна веста дека Гога Секулиќ се разведе, а како што пишува српски Курир, пејачката веќе подолго време има проблеми во бракот, кои и ги доверила на покојната Марина Туцаковиќ, која проблемот го ставила на хартија и напишала песна за неа а и наплатила само 1.000 евра.
Марина била многу блиска со пејачката, а бидејќи била болна не се гледале редовно, но секојдневно се слушале и се допишувале. Ја советувала Гога и се обидела да и помогне со тоа како да ја реши кризата во бракот.
Наводно, брачната криза на Гога Секулиќ и Урош Домановиќ започнала кога пејачката од Цирих се преселила во Белград. Таа со себе го зеде и нивниот син Василије Андреј, а нејзиниот сопруг, кој е шампион во џиу-џицу, остана да живее во Цирих.
Нивната љубов не успеа да ја издржи далечината што ги раздели, а Секулиќ сето тоа и го кажа на својата пријателка и соработничка Марина Туцаковиќ.
Според тамошните медиуми, починатата Марина Туцаковиќ ја префрлила семејната состојба на Гога на хартија и и напишал песна која ја чинела само 1.000 евра, а јавноста знае дека Марина ги продавала своите текстови за многу повеќе пари.
Дека се разделиле во мир и без кавга потврди и Гога Секулиќ:
– Точно е дека се разведувам по шест години брак. Јас и Урош се согласивме. Трето лице нема, едноставно донесовме таква одлука, а причината е нашата приватна работа. Наш приоритет е нашиот син и нашата обврска кон него, па јас и Урош имаме коректна комуникација и врска која ќе остане таква – изјави пејачката за Курир.
Инаку Гога важи за една од најзгодните пејачки во регионот и која е посветена на своето здравје.
Пејачката на социјалните мрежи редовно објавува фотографии под кои постојано добива комплименти од фановите.
-Порано бев поправена затоа што уживав во животот, храната и благите работи. Вишок килограми имав и во периодите кога бев под голем стрес. Неколку пати ќе се здебелеам и потоа ќе ослабам. Но кога ќе помислам на својот син, веднаш ќе сфатам дека заради него морам да бидат здрава“, истакна неодамна познатата фолк пејачка за „Хит информер“.
„Василије Андреј беше мојата мотивација да го средам изгледот и правилно да се хранам. На почетокот од кариерата имав 59 килограми. Тогаш бев млада. Потоа секогаш имав околу 67 килограми, но ми се случуваше да се поправам, па да дотуркам и до 80“, беше искрена познатата пејачка.
„Потоа ќе ја продупчам лажицата и вежбам па ќе намалам 10-15 килограми. Не е лесно, но кој сака – може! За време на бременоста не се здебелив многу, но сепак имав вишок килограми. Сепак брзо по пораѓањето почнав да вежбам и започнав со диета, ја продолжи својата приказна Гога.
„Не стигнувам да ги имам сите оброци заради обврските околу синот. Помалку спијам откако ставав мајка, но уживам во мајчинството. И токму заради тоа успеав да симнам некое килце. Иако најголема заслуга за слабеењето има мојот сопруг Урош кој совршено изгледа и е професионален спортист. Тој тренира по неколку пати дневно и внимава на исхраната“.
„Тој и на други им прави планови за исхрана и им организира тренинзи, па знам како луѓето да бидат здрави и витки“, истакна Гога во една прилика.