Бебе
Искрено писмо од еден татко: „10 работи што ги научив во првите 160 дена од родителството“!
Еден духовит татко одлучи да напише список од 10 работи што ги научил во првите 160 дена од родителството, а заедно со листата сподели и неколку смешни совети за сите нови родители...
“Бебето ќе сака да се тркала по креветот, ќе сака да става во уста се што е на дофат, да лапне монета која штотуку ви падна од џебот. Ваша работа е 24 часа да спречувате вакви незгоди.
Новопечените татковци обично се збунети од големите промени што одеднаш се случуваат кога бебето доаѓа дома.
Еден духовит татко одлучи да напише список од 10 работи што ги научил во првите 160 дена од родителството, а заедно со листата сподели и неколку смешни совети за сите нови родители.
10 Things I learnt in my 160 days as Mihla's father [Thread] pic.twitter.com/AhuLhSgslP
— Bonisile M. (@Bonisile_RMS) January 25, 2021
Тој ја објави листата на својот профил на Твитер, а ние ви ја пренесуваме во целост…
1. Грижата за детето главно се врти околу изметот. Која боја е тој? Кога последен пат се искакало? Дали имаше тешкотии кога какаше? Дали имаме доволно пелени за следните десет големи итни случаи? Морам да го сликам овој измет за да му го покажам на докторот. Отсега, вашата галерија ќе биде полна со фотографии – измет!
2. There will be outfits they only wear once before outgrowing them. This hurts. Try not to buy expensive outfits. pic.twitter.com/hpfyhjzSBl
— Bonisile M. (@Bonisile_RMS) January 25, 2021
2. За жал, има облека што бебето ќе ја носи само еднаш и потоа ќе ја одрасне. Совет: не купувајте скапа облека!
3. Колку и да сте фрустрирани од вашето бебе, тоа ќе ве разнежни само со една насмевка. Мали манипулатори!
4. Резервната облека за бебето е очајно потребна, но резервната облека за родителите е уште поважна. Ќе ти повраќа но тоа ќе ве насмее.
10 Things I learnt in my 160 days as Mihla's father [Thread] pic.twitter.com/AhuLhSgslP
— Bonisile M. (@Bonisile_RMS) January 25, 2021
5. Мора да имате база на податоци за аптеки отворена 24 часа на ден. Проверете ги аптеките во болниците. Или се затвораат доцна или се отворени 24 часа. По некое време ќе ве знаат по име.
6. Потребно е многу да се чита за родителството. Имајте книги или онлајн советник достапен за вас во секое време.
7. Составете плејлиста (за кризни ситуации)! Составив плејлиста од детски песнички за да ја развеселам кога е лута или изнервирана. Ги тестирав песнитеи на бебињата на моите пријатели.
8. Можеби мислите дека сте добра личност, но всушност сте садистичко суштество кое ќе биде среќно кога вашето бебе ќе ги отфрли другите луѓе и ќе ве сака само вас.
9. Овие мали суштества секогаш се обидуваат да ум-рат, а работата на родителите е да ги спречат. Бебињата ќе сакаат да се тркалаат по кревет, да паѓаат од него, ќе сакаат да го џвакаат горниот дел од полначот за лаптоп, ќе проголтаат паричка, итн. Ваша задача е да ги спречите сите овие опасни ситуации кои ќе ве демнат 24 часа на ден.
10. Откако ќе дојде бебето, вашата рутина целосно се менува. Ако ви е достапна помош, прифатете ја. Ако можете да си дозволите дадилка, веднаш земете ја. Ако имате клиенти кои имаат разбирање за вашата ситуација, како моите, можеби ќе го доведете и малото на неколку состаноци.
Таткото им одржа бонус лекција на читателите.
Кога ќе добиете бебе, треба да знаете дека ниту еден мобилен телефон нема доволно меморија за сите фотографии што ги правите. Тој ве советува да земете специјална мемориска картичка само за фотографии или да купите друг мобилен телефон наменет само за фотографирање на детето.