Uncategorized
Инди изгуби 30 килогpaми, па се пофали што вечера – ова е идеално за сите кои сакаат да ocлабнат!
Имала разни компликации, од кои за среќа излегла како победничка...
Пејачката Индира Арадиновиќ Инди имаше неколку тешки месеци, кога се бореше да си го врати изгубеното здравје по операција на желудникот.
Имала разни компликации, од кои за среќа излегла како победничка.
-Секоја хируршка операција носи свои последици и опасност, јас спаѓам во најкомплицираната ситуација, која мене ми се случи… Се случи повреда на панкреасот. Панкреасот, сите знаеме е најважен орган, кој е најмногу потребен.
Тој почна да му прави проблеми на организмот, да ја поткачува слезината која се воспали и која со втора операција мораше да се отстрани. Значи, јас повеќе немам еден орган во себе! А што се однесува до желудникот, го немам повеќе сливот на желудникот, туку комбинација на слив и бајпас… А бајпас прават само луѓе со екстремна дебелина и кои екстремно треба да симнуваат килограми, така што во тој момент беше важно само да се спасам.
– После таа втора операција почна мојот пекол со моето здравје… Тоа е зад мене, но тогаш во тој момент, воопшто не ми беше лесно. Сега се е во ред. Беше во опција и трета операција, зошто ситуацијата беше толку алармантна. Бев префрлена од втора болница во трета, каде ми е спасена циста на панкреасот која протекуваше. Месец дена не можев да внесам ниту два децилитри вода, се повраќав, само на инфузии бев.
-Поминав сериозна опомена. Се е зад мене, се е ОК, можам да продолжам да живеам нормално – да се хранам здраво. Јас го победив животот. Но со оглед на тоа дека знам ништо што се поминав и дека секогаш ќе бидам пред искушенија, Бог ме сака и ми даде шанса да продолжам понатаму, раскажа Инди за својата животна битка и признава дека нејзиниот живот повеќе нема да биде ист како некогаш.
Сега Инди несомнено е дека ужива во својот нов изглед, кој покрај физичката активност го одржува и со здрава исхрана.
Пејачката по успешното опоравување, реши дека и натаму треба да води сметка за својата линија и за здравјето и тоа, како што рече до крајот на животот.
Таа откри дека најголема поддршка во текот на опоравувањето ѝ биле мајката и сестрата Едита, и посочи дека колегите се воодушевени од нејзиниот изглед.
– Пријателите, колегите и мојата публика прво ми беа голема поддршка, а сега, кога најлошото помина, не фалат дека убаво изгледам и дека многу сум ослобаел, но не чека уште. Ми се додворуваат многу мажи, но идеално момче за мене не е од Србија. Не велам дека нашите момчиња не се убави, но сето тоа веќе го поминав и знам дека мојот идеален маж нема да биде од нашата земја, откри Инди.
Пејачката на својот Инстаграм откри и дека не ја прескокнува вечерата, па објави фотографија на која покажува како изгледа еден нејзин оброк.
Туна, кромид, зелена салата, лешници…несомнено е дека овој лесен оброк е вистинскиот избор за вечера.
За потсетување во една прилика Инди зборуваше дека се уште не ѝ е период за да се оствари како мајка:
– Кога би имала некој покрај себе, можеби би размислувала за тоа да станам мајка, но бидејќи сум сингл, навистина не е време за тоа. Кога ќе ја најдам сродната душа и идеалниот партнер сигурна сум дека ќе добијам дете, истакна пејачката.