Дом и семејство
Има само 2 години а веќе постигна неверојатен успех: Ова девојче со Даунов синдром стана модел за детски бренд на облека!
Уште од мали нозе постигна голема слава...
2 годишната Елеaнор веќе е вистинска ѕвезда на социјалната мрежа Инстаграм. Имено таа е родена со Даунов синдром и е можеби најмалиот модел кој постигна толку голем успех.
Малата Елеанор беше забележана од вработените во детскиот моден бренд JoJo Maman Bébé, по што тие им испратија облека на родителите а мама Хелен (36) и тато Крег се задолжени за фотографирање.
Елеанор Мантон од Англија ја претставува новата зимска колекција на брендот за детска облека а фотографиите за кампањата ги направила мама на нејзиниот мобилен телефон.
– Кога ја видов на насловната страница на новата колекција есен / зима 2020 година, не е доволно да се каже дека сопругот и јас врескавме од среќа. Ние сме многу горди. Нејзиното лице е зрак светлина “, рече мајката.
Од брендот добиле е-маил во кој вработените побарале согласност од родителите малата Елеанор да ја претставува новата колекција, на што родителите биле воодушевени.
– Бевме возбудени. Секако дека се согласивме и по неколку дена на нашата адреса пристигна многу убава детска облека. Го зедовме мобилниот телефон, излеговме во природа, а Еленор воопшто не мораше да позира – вели мама.
Тато Крег беше, како што вели мама Хелен, главниот координатор на смеата. Танцуваше за да ја забавува Елeaнор.
– Ова многу ни значи. Сметаме дека е важно децата со Даунов синдром да се гледаат во медиумите, исто како и сите други – велат родителите и веруваат дека општеството, ако се видат онолку луѓе колку што е Еленор, ќе ги прифати многу полесно.
– Ја видовме Елеанор на Инстаграм и веднаш се „заљубивме“. Контактиравме со семејството со цел новата облека на есенската колекција да ја носи таа – рекоа од брендот JoJo Maman Bébé и сметаат дека фотографиите се неверојатни и дека токму тоа е она што го бараа, пишува The Sun.
Уште неколку фотографии од преслатката Елеанор…