Кафе муабет
Има “брдо” пари а важи за најскромниот спортист: Погледнете што вози Новак Ѓоковиќ- ќе се изненадите
Нема ниту личен шофер...
Со оглед на тоа што сме навикнати секојдневно да ги гледаме јавните личности како уживаат во луксуз, возат скапи коли, имаат личен шофер и обезбедување, тоа не е случај со Новак Ѓоковиќ.
Иако важи за еден од најбогатите тенисери и е број еден во светот Новак важи за скромен човек кој на прво место го става семејството и љубовта.
Иако заработил доволно за да лета низ светот со приватен авион и да крстари со луксузна јахта, сепак тој не живее во луксуз? Многумина дури и се прашуваат што вози Новак Ѓоковиќ?
Да, секако дека може да ја наполни гаражата со најскапи автомобили, но тој е, прилично скромен во однос на приходите. Нема ниту личен шофер.
Кога неодамна беше во Белград и отиде на прошетка кај Ада со сопругата Јелена и ќерката Тара, беше забележан како излегува од бело „пежо 3008“. До март годинава беше амбасадор на тој француски бренд, а возеше и неколку модели. Бидејќи семејството Ѓоковиќ во меѓувреме се прошири, грандиозниот „3008“ целосно ги задоволува нивните потреби.
Познат како љубител на природата и Никола Тесла, Новак решил да земе автомобил кој го носи името на познатиот научник, а притоа користи електричен мотор кој не ја загадува околината.
Ѕверот „Tesla X“ е нешто поскап, основната верзија чини околу сто илјади евра. Се проценува дека моделот што го вози Новак Ѓоковиќ чини најмалку дваесет илјади евра повеќе.
Јелена откри непознати детали за бракот со Новак
Сопругата на Новак неодамна за српските медиуми сподели интересни информации за своето семејство и за сопругот.
Таа кажа многу убави работи за Ѓоковиќ како спортист, сопруг, хуманитарец, но исто така посочи дека поради сиот успех што го постигнува на професионален план се чини дека како татко не може да постигне се што би сакал, иако тоа не значи дека тато не е прекрасен и приврзан.
Имено, Јелена раскажа за некои разлики во родителството меѓу Новак и неа, па се осврна на случајот во кој тие имале спротивни мислења кога станува збор за воспитувањето на Стефан и Тара.
Нејзината исповед открива дека не се договориле најдобро за тоа како да ги воспитаат нивните наследници.
– Моите потешкотии беа тоа што сакав да ги заштитам децата, да им дадам избор сами да одлучат дали сакаат или не да бидат дел од нашиот јавен живот што е неопходно како последица на големиот успех, историски успех што го постигна Новак. Меѓу другото, мојот сопруг можеби нема такво размислување, па мораше да се најде компромис. Тој порасна во услови кога сонуваше да биде сакан, виден, да застане на врвот на светот и сите да знаат за него, додека јас сонував сосема поинаков сон. Сакав да бидам успешна жена од сенка – ја започна приказната Јелена и додаде зошто Новак можеби не е совршен како татко.
– Новак е навистина прекрасен татко и тоа го прави многу добро, но неговиот капацитет за таква концентрација што ја бараат децата е ограничен бидејќи има премногу обврски и во тој контекст мислам дека сме многу добар тим, тој е одличен татко. Добро знаеме кои се потребите на Новак и сите се вклопуваме во тие потреби. Тоа е помалку гламурозно да се каже, но е вистина и Новак е свесен за тоа. И неговите родители и неговите браќа, сите сме подредени на тој голем успех, светски успех – вели Јелена Ѓоковиќ во својата исповед, а таа потоа додаде дека заедно донеле одлука децата повеќе да не патуваат на сите турнири.
-Децата пораснаа, сакаат да имаат пријатели, сакаат да одат во градинка и училиште, да ги имаат нивните рутини, нивниот познат парк, познати локации и да знаат каде се. Новак е некој што пораснал со тој интензитет „брејк топка, меч топка, брејк топ, меч топка“, но ние се изморуваме од гледање, менуваме канал за да се одмориме. Тој е фокусиран на тоа постојано, кога се враќа дома гледа на Јутјуб и анализира што се случило на друг натпревар, кој е следниот противник, што прави конкуренцијата, многу е посветен и голем професионалец. И јас го така живеев пред да дојдат децата, и ова е нова приказна на која се обидувам да се навикнам и сè уште не ја правам успешно колку што би сакала во смисла да се изморувам од многу патувања и затоа инсистирам на тоа патувањата да бидат поретки за да бидат поквалитетни – рече Јелена.