Кафе муабет

„Имам 56 години и ќе му родам дете на синот“: ОВАА жена ќе ја роди сопствената внука, кога ќе ја слушнете причината ќе се расплачете

Таа е сурогат мајка на синот и снаата...

56- годишната Ненси Хок од Јута е уште еден доказ за тоа колку една мајка може да жртвува за своето дете.

фото профимедиа

Името таа се понудила да биде сурогат мајка за нејзиниот 32-годишен син Џеф и неговата 30-годишна сопруга Камбрија.

фото профимедиа

Ненси наскоро ќе доживее нешто навистина уникатно – ќе роди сопствена внука.

фото профимедиа

Џеф и Камбриа – кои веќе се родители на 3-годишните близнаци, Вера и Ајви, и 11-месечните Дизел и Лука – се бореле со неплодност со години пред таа да може да забремени изјавија тие за новинската агенција SVNS.

фото профимедиа

Камбриа проговори за пеколот низ кој минувала и кажа дека имала „многу компликации со раѓањето на нејзините момчиња близнаци“ Дизел и Лук. Иако парот се надеваше дека ќе има петто дете, хистеректомијата на Камбрија по трауматичното раѓање на нивните близнаци во септември минатата година им остави малку опции.

фото профимедиа

Ненси која е свекрва на Камбриа не може да поднесе низ што минуваат снаата и нејзиниот син, им дала понуда која ги направила најсреќни.

– Одеднаш имав чувство дека по неколку месеци од случката треба да се понудам да го направам тоа, изјави Ненси, која е во брак со таткото на Џеф, 59-годишниот Џејсон.

фото профимедиа

– Му кажав на син ми, а тој заплака и се шокираше – во тој момент не му кажав ни на маж ми. Но, подоцна кога дозна тој навистина ме поддржа.

Џеф изјави за SVNS дека одлуката на неговата мајка донесе толку многу среќа во нивните животи.

фото профимедиа

– Се чувствував благодарен што имав таква несебична мајка која беше подготвена да се жртвува за моето семејство, рече Џеф, додавајќи:

– Имајќи искуство со повеќе од четири години третман на неплодност, знаев колку може да биде комплициран процесот и се сомневав дека е можно таа да носи бебе за нас, но бев многу трогнат што дури и ќе понуди.

фото профимедиа

Ненси за SVNS изјави дека, на нејзино „изненадување“, лекарите и рекле дека е доволно здрава за да стане сурогат мајка и почнала со хормонска терапија во јануари 2022 година. За неколку недели, таа забременила со оплодени ембриони од Џеф и Камбриа.

фото профимедиа

– Таа жртвува толку многу за нас и нашето семејство и се чувствуваме толку благодарни, изјави Камбриа за СВНС за својата свекрва.

– Таа не беше ништо помалку од неверојатна и исполнета со толку многу светлост и милост, продолжи таа.

фото профимедиа

– Велат бременоста носи сјај, но Ненси блеска како светилник.

Во мај семејството дознало дека чекаат девојче, а терминот за породување е 5 ноември.

фото профимедиа

-Нема компензација за такво нешто, се што можам е да го следам примерот што го дадоа моите родители и да се обидам да го дадам истото ниво на љубов и посветеност на моето семејство и на другите изјавил Џеф .

фото профимедиа

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close