Кафе муабет
“Имав две сообраќајни несреќи, камион налета на мене, но останав жива”: Добрила откри детали за страшната сообраќајка
Остана позитивна и покрај се...
Пред четири години јавноста ја засака Добрила Ивановска Чабриќ од Дојран како натпреварувачка во регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“ за на крајот да ја однесе и победата.
Добрила зрачи со позитивна енергија и како што самата открива постојано е во друштво на млади па не се чувствува како да има 95 години. Постојано истакнува дека е понесена од брановите на младоста и дека живее од љубовта која секојдневно ја добива.
Добрила Ивановска Чабриќ, неодамна го прослави 95-от роденден и ја промовираше својата нова книга.
Таа на свои 95 години ја претстави својата автобиографска книга под името „На патот кон стотка’ и тоа на несекојдневна промоција организирана во Белград.
Добрила во едно интервју за Гранд Магазин откри дека за една година преживеала две сообраќајни несреќи.
– Првиот пат беше кога одев на Охридски фестивал, каде отидов бидејќи бев дел од жирито. Никогаш во животот не сум возела толку внимателно како тогаш, си реков Добри биди добар возач, бидејќи ме фати ноќ. Десет километри пред Охрид се беше добро, се додека камион не налета на мене. Се превртев во дупка, автомобилот се уште работеше, за среќа веднаш излегов од автомобилот но имав повреди на главата. Имав напукната коска под коленото и напукнатина на вратните пршлени. Бев свесна, автомобило се уште работеше, успеав да дојдам до него, го изгасив и останав жива.
Втората сообраќајна несреќа се случила недолго после тоа, со нов автомобил кој го купила. Несреќата се случила кога требала да патува за Дојран.
-Ми пукна ребраст каиш на десет километри пред Дојран. Одеднаш како ѓаволот да ја зема колата во свои раце, блокиран волан, блокирани кочници, не можев ниту да завртам, ниту да закочам, автомобилот одеше лево десно, удира по банкините. Потоа застана, со глава го скршив стаклото, застанаа два камиони и еден автомобил, ме познаа, ми понудија помош. Имав мала исекотина на главата, но не ми беше ништо. Автомобилот се распадна како лушпа од јајце. Јас не се плашам и покрај сем тоа е моментален стрес но се справувам лесно без паника, рече Добрила во споменатата емисија.
-Психички и здравствено се чувствувам супер, 97 отсто од мојата генерација умира, а јас останав жива. Ете, едноставно Господ ме сака, но ѓаволите не ме даваат“, рече искрено Добрила на прославата на својот роденден и на промоцијата на која ги собра своите најдраги пријатели и соработници со кои веќе долго време соработува.
Пред неколку години Добрила во интервју за српската телевизија „Гранд“ проговори и за смр.тта на нејзиниот син.
„ Ако јас мојот син не успеав да го убедам дека животот е убав и дека треба јас да сум му пример, јас немам право да заминам по него. Тој крена раце од себе си, од животот, тој не сакаше да се лечи. Замина прерано и велам дека немам право да заминам по него затоа што мене тој пат секако ме чека“, истакна Добрила за српската телевизија „Гранд“.