Дом и семејство
Идентичните близначки ВО ИСТО ВРЕМЕ родија идентични близнаци: Луѓето во шок, ова не е можно, ДНК тестот покажал нешто ФАСЦИНАТНО!
Се запознале во 20017 година...
Британи и Бријана, идентични близначки, ги запознаа своите партнери на фестивалот на близнаци во 2017 година, а една година подоцна беше одржана двојна венчавка.
Речиси во исто време, двојката доби и деца – кои изгледаат како „јајце на јајце“.
Двете сестри ги оставија луѓето во шок и неверување кога открија дека нивните деца се браќа, братучеди и близнаци. Британи и Брајана се идентични близначки кои се омажиле за идентичните близнаци Џош и Џереми Салиерс, а потоа во рок од неколку месеци родиле бебиња, пишува „The Sun“.
Тие објавија фотографии од своите синови на Инстаграм и во описот истакнаа дека се „братучеди, генетски браќа и кватернерни близнаци“. Многумина се прашуваа како е тоа можно.
„Доколку ова семејство направи ДНК тест за потеклото, тој би покажал дека овие бебиња се браќа, а не роднини“, објаснил еден придружник. Британи и Брајана ги запознале Џош и Џереми на фестивалот на близнаци во 2017 година, а момците ги запросиле шест месеци подоцна, по бурна романса.
Иако заедничката бременост за многумина беше шок, сестрите за „Australia’s Today“ изјавија дека планираат да забременат во исто време. Запрашани дали ги „закажувале“ своите љубовни чинови за да успееат во таа замисла, Брајана призна дека тоа би било идеално.
„Заедно ги доживеавме повеќето пресвртници во животот, родендени, добивање возачка дозвола, дипломи и нашата двојна венчавка. Ова би бил следниот голем настан и би сакале да го доживееме заедно“, изјави Британи.
Тоа им се оствари, па сега се горди родители на мали дечиња со сини очи по име Џет и Џекс, со кои често се фотографираат и споделуваат фотографии на своите социјални мрежи.
Децата ќе живеат во заеднички дом а сите признаа дека се чувствуваат како да се едно семејство.
Во продолжение погледнете уште неколку интересни фотки од овие идентични парови…