Новости

ИГОР И СЕВЕРИНА ОБЈАВИЈА ДОКАЗИ ДЕКА БРАКОТ Е ЗАВРШЕН: Пејачката среќна како никогаш до сега- Игор бара утеха!

Игор и Северина не се виделе со месеци...

Веќе со месеци бракот на пејачката Северина и Игор Којиќ е со стаклени нозе а сега тие и конечно докажаа дека не се заедно.

Приказните за развод стануваат се почести, и иако ниту таа ниту Игор официјално не ги потврдија таквите информации, станува се поочигледно дека славната двојка живее одделно.

Додека Северина објавува фотографии и записи од Хрватска, Игор останува и патува низ Србија.

 

Пејачката неодамна објави видео во кое заводливо танцува покрај новогодишната елка, а во исто време Игор објави фотографија од авион на Инстаграм.

– Зимата доаѓа – напиша Којиќ.

 

Дали во овој случај е старата поговорка – Каде што има чад, има и оган?

Северина е во врска со Томислав Воштиниќ?

 

На големо се пишува дека Северина Којиќ (48) ќе ја дочека Новата година со своето ново момче Томислав Воштиниќ (38), додека нејзиниот сопруг Игор Којиќ (33) ќе биде сам во Лондон!

 

Пејачката и фудбалскиот менаџер не се виделе веќе седум месеци, откако Севе ги спакува куферите по насилната расправија, ја напушти семејната куќа и се врати во Хрватска!

По некое време, таа влезе во врска со сопственикот на винарија, со кого крстареше на Јадранот во текот на летото. За тоа време, синот на Драган Којиќ, Кеба, се посвети на работата, бидејќи тој сè уште не може да го надмине раскинувањето со фаталната Хрватка.

 

– Врската на Северина со Томислав станува се посериозна, иако тие сè уште се обидуваат да ја сокријат од јавноста, бидејќи таа сè уште не е разведена официјално. Тие се заедно од летото, а Сева е заљубена во десет години помладиот претприемач. Таа го помина католичкиот Божиќ со нејзиниот син Александар, па тој ќе биде со неговиот татко Милан Поповиќ за Нова Година. Бидејќи нема да работи на 31 декември поради епидемијата на коронавирус, таа планира романтична вечер со Томислав – вели добро информиран извор.

 

Тој додава дека самиот Кеба во еден момент се обидел да ја смири расправијата меѓу Северина и Игор, но дека не успеал во тоа.

Пред извесно време ПР тимот на Северина реши да одговори на сомнежите и ја негираше веста дека таа и Томислав се заедно.

– Би сакале да ве информираме дека станува збор за личност од поширокиот круг на пријатели на Северина, во чија винарија се одржа настан на кој, покрај другите, присуствуваа и Северина и нејзините пријатели.Со ова отфрламе каква било друг вид на врска помеѓу нив- одговори  човекот за односи со јавност на Северина,  Давор Гргин за списанието „Индекс.хр“

Веста за наводната љубовна афера меѓу нив ја демантираше и самиот Томислав, кој рече дека со Северина се само добри пријатели.

– Северина и јас сме добри пријатели и имам само пофални зборови за неа. Точно е дека таа дојде во мојата винарија, но не беше сама, туку во присуство на многу луѓе. Ништо не се случи меѓу нас двајца и сè што читам во весниците е смешно за мене. Разбирам дека нејзиниот живот е интересен за медиумите, но оваа вест не е вистинита – ја заврши истакна Воштиниќ.

 

Игор ја молеше Северина да се врати кај него

foto https://www.vecernji.hr/

Пред неколку емсеци добро информиран извор за српски Информер истакна дека Игор наводно ја молел пејачката да се врати кај него и да го спасат бракот.

– Севе и Игор не се виделе веќе шест месеци, откако таа ја напушти неговата семејна куќа на Бежанијска коса и се пресели во Загреб. Одвреме-навреме се слушаат, но сепак никој не ја покрена темата за развод, па Игор се надеваше дека ќе успеат да ги надминат сите несогласувања и кога конечно ќе бидат видени повторно заедно во јавноста – вели добро информиран извор за  српски „Информер“.

foto-story

Игор за љубовната афера дознал од медумите

Синот на Кеба е шокиран од веста дека Северина има нова љубов, а се уште нема никаква одлука за развод.

– Тој се шокираше кога во весниците прочита дека неговата сопруга го изневерува и дека летово крстарела по Јадранот со Томислав, со кого и ја поврзуваат.

Веднаш ја повика и побара објаснување, но Севе постојано тврдеше дека Востиниќ е „само добар пријател“. Игор е убеден дека го лаже, но тој е подготвен да помине низ сè само за да го спаси нивниот брак.

 

Тој и рече: „Не ми е гајле што се случи, ти простувам сè, само врати се кај мене“.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close