Кафе муабет
ЗУМБУЛ-АГА денес изгледа НЕПРЕПОЗНАТЛИВО! Актерот е како вино; жените воодушевени од неговата убавина! (ФОТО)
Изгледа сосема поинаку...
Зумбул-ага, е еден од најпрепознатливите ликови во турската серија „Сулејман Величествениот“. Со нетрпение ги чекавме неговите нови заплеткувања, се смеевме на неговата мимикрија…
Една од најзабележливите споредни улоги, покрај онаа на шармантниот Бали-бег беше токму неговата, на Зумбул ага, која што ја играше познатиот турски актер Селим Барјактар.
Зумбул ага беше задолжен за редот во харемот, тој беше десната рака на султанот Хурем, што ја играше Мери Узерли. Многу дами беа заинтересирани за тоа како Селим всушност изгледа приватно, за разлика од улогата на епохата.
Но покрај оваа серија Селим имаше значајна улога и во серијата „Завет“, но во неа изгледа потполно непрепознатливо.
Селим во оваа серија го толкува главниот негативец, Зекар Каракај, кој мисли дека со парите и влијанието може да купи сé, па дури и љубов.
Тој и покрај тоа што е оженет, се вљубува во Зухре Филиз и не избира средства да ја раздели од нејзината вистинска љубов, Сејит Захир.
Селим со улогата во оваа серија уште еднаш го покажа неговиот голем актерски талент, како и неверојатна способност да се трансформира бидејќи во оваа серија изгледа потполно непрепознатливо.
Селим денес не изгледа како што го паметиме во познатата серија.
Освен што работи на нови проекти и нови улоги, Селим има многу исполнет живот – практикува јога, ужива во екстремни спортови и на копно и на вода, но и во дружење со пријателите и животните.
За потсетување, „Сулејман Величенствениот “ е турска серија за Отоманската империја која освои бројни симпатии на публиката, како во Турција така и во Србија и во регионот. Зумбул ага, беше еден од ликовите кои се издвои од серијата.
Во серијата, Селим, во согласност со обичаите во харемот и како заштитен знак, носеше турбан на главата, и секогаш беше чист-избричен и облечен во впечатливи долги фустани.
Многу дами беа заинтересирани за тоа како Селим всушност изгледа приватно, за разлика од неговата улога.
Судејќи според фотографиите, актерот е сосема различен, тој има седа коса и долга брада.
Имено, тој е сурфер, фанатик за одржување на кондиција, практикува разни спортови за да остане во физичка форма и на фотографиите на Инстаграм изгледа одлично.
Голема пасија му е и јогата и веќе со години учествува на разни натпревари кои се одржуваат насекаде низ светот.
Можеби не сте знаеле, а е поврзано со ликот на Зумбул ага, е тоа што тој беше осмислен да трае само неколку епизоди, но по одличните реакции на публиката, одлучено е да остане до крајот на серијата.
Тој е роден во Ирак, во 1975 година. Неговото семејство од оваа земја емигрира во Турција кога тој имал само 13 години.
Неговиот татко работел во нафтена компанија во Ирак, па тој таму го поминал детството.
Тој во една пригода изјави дека еднаш, кога бил дете, во училиштето каде што учел, дошол Садам Хусеин и дека од сите деца му се доближил баш нему. Му кажал дека би бил добар војник и дека во ирачката војска е неговата судбина. Тие зборови останале врежани во неговото сеќавање, па неговото семејство одлучува да избега од Ирак, и покрај војната, затворените граници и куршумите што летале на сите страни..
„Беше навистина ужасно, ракетите летаа над нашите глави, мажите беа носени во војната, а жените силувани. Мојот татко еден ден дојде дома и ни рече – Одиме за Турција. Јас сум му благодарен заради тоа“, истакна актерот во едно свое интервју во кое се присети на овие тешки денови.
Селим враќајќи се во Турција, со своето семејство, завршил средно училиште, а потоа и актерство. Долго време играл споредни улоги во театрите, а пред филмските камери прв пат ќе се најде дури во 2009 година. Сепак, најголема популарност стекнува со неговата генијална улога на Зумбул ага во популарната серија Сулејман Величествениот.
По оваа улога тој ќе се појави во уште многу други познати турски серии, но гледачите речиси не го препознаваат бидејќи изгледа потполно поинаку.